20тина квадрати макс...
12.000БТУ (3.5кв) он/оф клима во 20 квадрати соба??
Било која, и најшкартната, одлично ќе го лади просторот.
Но знаеш кога ќе ја пушташ да работи?
- Тогаш кога нема да бидеш внатре во собата...

Пошто он/оф клима работи на макс капацитет на ладење, и потоа гаси кога ќе излади. По минута две (или десет, ако имаш одлична изолација) пак ќе дува... јако. Многу непријатно кога ладно те дува јако, дупло непријатно кога е прејака климата за мала просторија - дури и да не те дува најдиректно, во 20м2 нема каде да се криеш.
Најдобронамерно - ако ти е до парите и ако е само заради ладење, побарај прозорска клима од 9.000бту (2.5кв). Ем најевтино, ем нема да ти ги однесе бубрезите доѓавола. Или сплит систем он/оф клима од 2.5кв.
А ако даваш 15.5К за нонејм мачка во вреќа - знај дека за 20к денари веќе имаш
инвертор клима, која не дува јако па престанува, туку дува полека и многу помалку смета и со звук и со силно ладно дување. Никој што еднаш имал инвертор клима, не би посакал да користи он/оф клима освен ако баш не мора.
Јас таков инвертор од 9.000бту капацитет капарисав и не за 20к туку за 19к, пошто се пазарив за неколку. Можам и за тебе да земам, или да те земам со мене да си земеш по таа цена. Ај што инвертор климива не е он/оф и нонејм/СТ/Мидеа, туку покрај што лади и
грее.

И ако не е несоодветно прашањето на што се грееш сега? Колкава потрошувачка има тоа греење? Не си слушнал за економичноста на греењето со инвертор клима?
Потоа гаранцијата. Гаранцијата кај инверторов (кој и грее и лади) - е 5 години, со само еднократно плаќање сервис. Кај Мидеата 4 сервиси треба за 5 години гаранција? Колку тоа ја подига цената?
Колку е сервисот, иде накај иљадарка? 4 години
Х иљадарка = 4 иљади? 4к + 15.5К климата = ?
Идеш блиску до цената на спомнатата инвертор клима? Или ја надмина??

Ама ако е толку важно да е 3.5кв, тогаш пак не мораш да пазариш нонејм/СТ/Мидеа... Можеш за слични пари да најдеш и корејци (ЛГ/Самсунг), има акции одвреме навреме. А дури и Беко е подобар избор од тоа што си наумил да земеш.
Но ти си знаеш. Знаеш како велат - секој со своето.
