...тој Change од 2.5KW има поголем проток на воздух него ли Cozy од 3.5KW...чудно.
Има и многу поважни разлики (како присуство на електронски контролиран експанзионен вентил, и др.), тој два-и-пол киловатен Чејнџ е едноставно поофистицирана клима од 3.5 Кози - и е многу подобар избор за просторија 20-25м2 (во зависност од топлотните губитици на истата).
Во врска со муабетите погоре, Гри климите треба да се разберат како средна класа клими кои (за парите) солидно си ја работат работата. Имаат Гри и поскапи модели од повисока класа, ама во повисока класа веќе има голем избор од пореномирани брендови.
...ептен извадени од ракав, кога ќе стават на еуровент тогаш може да им се верува а до тогаш луѓе почнаа да им ги откриваат лагите со тоа што требало да има а немало.
Еуровент е во принцип добра работа, но треба да разберете дека тоа се плаќа и влијае на цените. За цени нешто повисоки од цените за разни Нео/мео/итн, не може се да се очекува.
Дај повеќе пари, пазари Јапонец - и ќе добиеш и еуровент и филтри/милтри. Ама и евтино и перфектно? Епа тешко тоа.

Ако се бара нешто за критикување кај Гри климите, тоа е дека не се ориентирани кон штедење на потрошувачката - но од друга страна, на сметка на потрошувачката испорачуваат поголем минимум на моќност.
На пример, потрошувачката на мојата Тошиба Сузуми знае да падне и на стотина вати (да вати, а не киловати), а на Гри никогаш не сум измерил помала потрошувачка од 300-400 вати.
Но дури и со помалата економичност кај Гри, сеуште се работи за огромни разлики во однос на загревање со грејните тела како на пример панелните греалки и слични, кои за еден киловат струја даваат помалку од еден киловат топлина. Разликата во пари до една Тошиба е голема, можеби преголема за заштедата (од Тошибата) самата да го ја исплати разликата во пари од едната до другата клима.
Е сега тие модели на Гри (поевтините, што се исплатуваат) немаат специјални филтри-милтри, јонизатори, џиџири миџири. Таквите елементи се повеќе за реклама одошто се од корист, но кој сака нека повели. Во тој случај не препорачувам Гри, пошто за такви поголеми пари веќе има и Тошиба, Мицибуши, Даикин - можеби и Фуџитсу (кои овде имаат одвратно пренапумпани цени).
Препорака за инвертер 3.5ка или малку послаб, bestbuy, докажан?
За некои 5 илјади повеќе од твојот наведен буџет, јас би ти препорачал Гри Ломо 3.5кв. За бестбај Гри Чејнџ од 2.5кв.
Или одврзи го кесето повеќе, и барај некој Јапонец.
