@Djidzi Доста чиста и педантна инсталација. Ако дојдеш некогаш на пиво, баш сакам детално да ја разгледам како доста добар пример за инсталација.
Како што гледам, не губиш ништо од багажникот, односно си е идентично рамно на подот во багажникот ко и пред тоа, така?
За да постигнеш такво нешто, колку литарска боца користиш?
Колку КМ можеш да поминеш со едно полнење на таа боца?
За оние што патуваат надвор од МКД... Колку тешко е да најдеш компатибилна пумпа со вашите плински инсталации во поглед на пиштол што може да наточи? (читам дека има разни стандарди, и дека можно е да не можеш да наполниш од таа причина).Ова поготово ме интересира за начинот како е изведено кај Djidji (веројатно нема разлика од другиот начин, ама пошто не знам затоа и прашувам).
Смоле спомна и за некаков адаптер, може ли подетално околу него? (цена, се наоѓа ли лесно, лесен ли е за користење...)
Ова прашувам за во Словенија, Австрија, Германија, Франција, Унгарија, Грција..
За Србија, Хрватска, Бугарија и Италија веројатно сигурно немате проблем.
Кога одите на подолг пат, како ја транспортирате резервната гума, и дали воопшто носите резервна гума?
И од форумов две возила ме интересираат како се однесуваат после плинската конверзија, и поготово што ќе се случува со нив во наредниот период.
Тоа е Субару Форестерот на Смоле и некој спомна Тојота Аурис.
Колку пројдени км имавте кога направивте конверзија?
Колку имате од тогаш пројдено на плин?
Мило ми е што ти се свиѓа инсталацијата, искрено и мене ми се свиѓа (да не испаднам скромен

). Обавезно се гледаме на пиво да ја видиш и у живо!
Багажникот е апсолутно истиот како и претходно, ништо не се губи, а и подот ми е рамен (не е подигнат од боцата, тоа сум видел кај Киа Сид и некои други коли чиви корисници барале поголема боца, а просторот им е за мало резервно тркало). Боцата е од 52 литра, затоа што резервното тркало ми беше со оригинална големина 205 55 16.
Со една боца поминувам околу 450 км градска вожња или околу 11 литри/100 км (во боцата секогаш останува некој литар плин...).
Полначката ми е во делот кај што се полни и бензин и на неа се става адаптер преку кој на секоја пумпа ти полнат плин. По полнењето си го вадиш адаптерот и тоа е тоа.
Резервна гума пожелно е да носиш кога одиш на отворен пат, но можеш да си купиш и сет за само-вулканизирање...
Нема да приметиш никаква разлика дали возиш на плин или бензин, освен во лер кога се слушаат плинските дизни.
Ако се плашиш од оштетување на сицевите од вентилите, стави си електронска капалка (обичната не е добра при високи вртежи заради помалиот вакуум...), нека ти го наштелуваат split fuel над 4000 rpm и стави си Tunap адитив што го користи и НАТО во бензинот и плинот директно! После ова седи, вози и уживај.
Овие работи се нај проверени во Плимонт, така да ти ги препорачувам нив како фирма при изборот и нивниот уред Landi Evo (како мојот).
Поздрав и со среќа, не се мисли - секој ден на бензин само губиш
А... да, ќе забораев

Мене ми е монтриран лани, километри не сум сигурен (околу 10000 можда), АМА кај мене во фирма на повеќе службени возила со ист мотор како мојот кој е осетлив на плин е инсталиран истиов овој уред и тоа без капалка, адитив, незнам уфрлување на бензин над одреден број на вртежи. Колите се возат нон-стоп и тоа на отворено, да не речам малтене до даска (јасно ти е тоа како е со службени коли

) и имаат поминато по околу 40000км. До сега (фала Богу) не покажале ама ни најмал проблем!