лоша карактеристика на дизеливе е тоа што многу време им треба да ја достигнат работната температура,те оптималната.од ново лисиче до капиштец вечерва не беше до 90 C,а тек па кога ќе биде надвор -10,ни 70 нема да качи,а тоа значи возење до 2000 обртаи и нема стискање
тоа е директна последица на фактот дека дизелот е исклучително ефикасна машина, машина која многу помалку ја расфрла топлината наоколу, а повеќе ја троши за пропулзија. Кај бензинецот тоа расфрлање на топлината е многу поголемо и ЗАТОА бензинците се греат многу побрзо, но и трошат повеќе гориво за иста извршена работа. Тие две ствари (потрошувачката и времето на загревање) се многу, многу тесно поврзани.
Теоретски невозможниот 100% ефикасен мотор каков што никогаш нема да се направи ќе биде цело време ладен.
мене на времето SDI-то од центар до карпош 4 (алуминка) не ми загреваше до крај, и тоа низ гужви! Ама немаше дефект никаков, се е во ред. Таков си е моторот.