Четворка и квалитет на интериер се две спротиставени тврдења. Четворката го има најлошиот интериер во своето време. Интериерот се топи, сите пластики и гуми во внатреноста се премачкани со некаков си најевтин лак, кој после 7 години се топи, сам или во комбинација со пластиката. Лакот исто така максимално и лесно се греби и изгледа одвратно. На допир имаш чувство дека фаќаш леплива повраќаница. Исто така скоро сите пластики крцкаат. Да, кога четворката е нова, изгледа луксузно внатре, но само до 5тата година. Управувањето на четворката е најочајното искуство во модерната историја на колите. Воланот не е поврзан со тркалата, реакција на воланот касни околу 3 секунди, се навалува како брод. За сметка на тоа удобна е, добро се вози по македонските калдрми и кратери и зачудувалки стабилна е на високи брзини.
Петката има 3 класи подобро подвозје од четворката, 2 класи подобар мењач, внатрешност и просторност.
Тие греалките на плин не ги коментирам...
Ако си загреан за Хундаи косилица на плин не гледај подалеку од I30, нема конкуренција во моментов. Или старата елантра, може да ја има на лагер.