Баш зборувавме со Васил, јас целев кон тоа да си врткаш лабаво со педалите во некоја многу висока брзина, додека му помагаш на некој слаб мотор со не многу големи батерии и рејнџ. Додека тој сака на пример верзија за да избегнеш комплетно вртење со педали.
Сакам да си педалам кога возам рекреативно, но кога се работи чисто за транспорт од точка А до точка Б, би сакал да стигнам достоинствоено и брзо.
Велосипед највеќе се вози во лето, кога е топло. Најмногу што ми пречело кога сум го користел како превозно средство, е што секогаш тргам во последен миг, затоа што знам дека можам да стигнам на време ако побрзам, но кога ќе пристигнам сум испотен жива вода. А и која е поентата да тргнам порано и да се влечкам, така можам и со автобус, исто време ќе ми треба.
Паралелен систем би можело да се изведе, но ќе треба да биде со една фиксна брзина со што е можно повисок степен и нормално затворена со заштитен капак за да можеш да го користиш со долги ногавици, без да ги измрсиш со масло од ланецот.
Само лошо е што вака ќе биде поголема мета за крадци, а велосипед кој се користи како превозно средство и се остава заклучен без надзор по неколку часови, треба да биде што е можно понеупадлив.