Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 1835757 пати)

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 200
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13830 на: 01 Март 2025, 17:48:43 pm »
Кога ќе се ставаат летните гуми, наредна недела 17/18 степени


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13831 на: 02 Март 2025, 00:26:59 am »
Од искуство, досега секогаш последна недела март или прва недела април сум ги монтирал летните гуми.

Зимски монтирам крај на октомври-почеток ноември.

Досега не сум погрешил, идеален период е

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13832 на: 02 Март 2025, 11:00:11 am »
Од искуство, досега секогаш последна недела март или прва недела април сум ги монтирал летните гуми.

Зимски монтирам крај на октомври-почеток ноември.

Досега не сум погрешил, идеален период е

Касно за монтирање летни е тоа, од вторник ќе биде над 15/16/17+ степени секој ден (Скопје), премногу е тоа за зимски гуми (освен ако не одиш некаде на скијање/планина и слично).

Јас менувам утре/задутре.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13833 на: 02 Март 2025, 12:02:32 pm »
Никаков проблем не сум имал досега што ги монтирам.
Велам од искуство пошто знаело да фати крај на март ладно.

Односно кога ќе видиш, секогаш ги менувам кога се менува саатот, зимото баш кога оди назад ги ставам зимските (крај октомври), а летните кога се става на летно сметање (крај на март).
Јас така правам, така и ќе продолжам, 15 степени дневна температура и тоа во период од 12 до 15 часот (само неколку часови) досега не ми уништила зимска гума.

Многупати сум кажал дека температурите и лете и зиме ги преувеличувате, зимата ја правите како да сме во Јакутск, а лето како да сме во Етиопија. А не е така. :)
« Последно менување: 02 Март 2025, 12:19:08 pm FiLo »

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13834 на: 02 Март 2025, 13:46:59 pm »
И ти си во право.

Јас ги менувам затоа што возам повеќе од просекот, преку ден по автопат на 20 степени, не би сакал да ги стопам зимските гумички ;D

За нормално користење одење на работа 08 и враќање 17, може со зимски уште 1 месец сиугнро..

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9099
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13835 на: 02 Март 2025, 13:56:21 pm »
Jas sreda gi mejam i da fati ladno nema da trae

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10184
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13836 на: 02 Март 2025, 17:15:42 pm »
Јас вчера ги сменив, имав слободно време, ем да ми остане слободен наредниот викенд ако е убаво времето.

Температури до 20 степени не се страшни за гуми, (зборам за мали километража) меѓутоа летните се како во Етиопија, 6-7 години и во канта.
Ене ги Савата на i10 уште летово ќе се возат.
Толку издржаа и  Ханкукот.
Врелиот асфалт си го прави своето.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1097
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13837 на: 02 Март 2025, 19:15:35 pm »
Абе уште немате почнато all season гуми да возите, се зафркавате со менвање  :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10184
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13838 на: 02 Март 2025, 19:45:09 pm »
Остави тоа ривјуата наменети за енглези од Лондон :D

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1814
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13839 на: 03 Март 2025, 08:05:25 am »
Ако возам само Скопје би менувал порано. Но ако одам на планина, скијање или Плетвар/Стража периодов би почекал до 15-20 март. Сепак знае да падни снег после 15 март, а и темпертатурите да паднат под нула во вечерни/утрински часови. Еве сношти пример вееше снег на Плетвар и беше 1 степен , што не е баш за летни гуми. Доцна вечерта сигурно било под 0.

Вчера 10тина коли беа застанати на сред пат накај Кајмакчалан и местеа ланци и калчуни. Ние со зимските без никаков проблем си појдовме до горе.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2423
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13840 на: 10 Март 2025, 09:42:50 am »
Ако возам само Скопје би менувал порано. Но ако одам на планина, скијање или Плетвар/Стража периодов би почекал до 15-20 март. Сепак знае да падни снег после 15 март, а и темпертатурите да паднат под нула во вечерни/утрински часови. Еве сношти пример вееше снег на Плетвар и беше 1 степен , што не е баш за летни гуми. Доцна вечерта сигурно било под 0.

Вчера 10тина коли беа застанати на сред пат накај Кајмакчалан и местеа ланци и калчуни. Ние со зимските без никаков проблем си појдовме до горе.
Да живеам на место каде има потреба да поминувам преку Плетвар или Стража, па и Сопиште донекаде, прво обавезно би имал два сета, второ, зимските не би ги вадел најрано до 1 април, а зависно од долгорочната прогноза може и покасно.

Јас со последната кола решив да одам со целосезонски, што поради тежината на возилото, силината во кс, фактот дека не одам по планини или критичните превои Плетвар и Стража, претежно се вози по Скопје, па ќе видиме искуства. Ме потсети дека летните што одеа со колата треба да ги ставам на оглас :)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4279
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13841 на: 10 Март 2025, 13:35:04 pm »
^ пошто имам искуство со Goodyear Vector 4s, би бил релаксиран и во снежни услови да треба да ги проаѓам Стража, Плетвар, Сопиште и сл со нив, или со некој друг премиум бренд.