Никаков проблем не сум имал досега што ги монтирам.
Велам од искуство пошто знаело да фати крај на март ладно.
Односно кога ќе видиш, секогаш ги менувам кога се менува саатот, зимото баш кога оди назад ги ставам зимските (крај октомври), а летните кога се става на летно сметање (крај на март).
Јас така правам, така и ќе продолжам, 15 степени дневна температура и тоа во период од 12 до 15 часот (само неколку часови) досега не ми уништила зимска гума.
Многупати сум кажал дека температурите и лете и зиме ги преувеличувате, зимата ја правите како да сме во Јакутск, а лето како да сме во Етиопија. А не е така.
