Ајде пак да повторам

2016 кога тестирав разни коли пред да се одлучам што да купам, приметив поголема бучава од тркалата кај i30 во однос на се што имав дотогаш извозено, тоа Фиести, Клиовци, Ибици, Ц4, Шкоди, Фордови, Мордови, да не набројувам, но сите опремени со Мишелин и сл брендови, веќе не памтам.
Сите ги возев на иста релација,
Прво помислив дека на и30 сеуште е со зимски сет (Март некојси), проверив, Кинерџи еко некоја си летна гума.
Си реков никаква изолација, иако моторот прилично пригушено се слушаше во кабина.
Да скратам, проталкав низ повеќе форуми каде беше истакнато дека со промена на гуми е решен таканаречениот проблем, барем кај тие што имало, бидејки не кај секого ја имало бучавата.