Vakvi zemi si i mirna glava 😁
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Истите гуми ги имам во иста димензија на Спаркот, веќе 6 сезони. Единствена замерка е што се гласни на автопат. Иначе 5-тата сезона зимоска на водно држеа многу добро на снегот кога бевме на дрифтање. Од Средно Водно до Пантелејмон и надолу према Нерези не беа како зимски гуми ама ја држеа колата под контрола солидно.
10 do 15000km e solidna kilometraza taman za dva seta gumi.
So all seazon ke pomines poevtino, navidum.
Za edna do dve letni sezoni ke gi dovedes vo kondicija da ne ti drzat ni lete ni zime.
Toa e, se e kompromis.
Ако е тркач и летно време ги злоупотребува тогаш да, ќе се изедат за 2-3 години, ама ете моите 6-та сезона оваа година ќе пишам импресии само нека заврне снег. За цивилно возење низ град нема проблем, си тераат гумите. За 6 сезони дали 25-30% од шарата фали, а вака визуелно не се гледа пукање или друга амортизација на гумите.
Ова никогаш не ми стана јасно. Па ако не можам да тргнам на снег со ќелави гуми напред нема да можам ни да дрифтам. Плус на кочење, ваљда е подобро напред да имам шара него позади.
Рачунај дека задницата ја следи предницата. Предницата ја контролираш но задницата многу тешко. Надворешната задна гума многу се оптеретува при вртење, а при кочење тежината се пренесува напред на преднит тркала. Замисли сценарио кога имаш предни зимски гуми а задни летни, предните грабаат јако и ја вртат предницата, а задницата треба да следи. Што ќе се случи ако задните гуми пролизгаат а предните не? Тобиваш oversteer и колата ти се извртува и губиш контрола сосем.
Исто така при кочење, ако задните гми ти се летни и не кочат добро, целата тежина на возилото се пренесува напред, предните гуми џабе што се зимски, не можат да се справат со толкава кинетичка енергија и попуштаат целосно, пролизгуваат и немаш кочење или пак имаш understeer и улетуваш кај возилата од спротивна насока..
Затоа подобро е гумите со подобар grip да се назад, за да си сигурен дека нема да ја изгубиш задницата. А предните гуми ако ти се летни или слаби, тогаш ќе осетиш на волан и кочење и ќе знаеш до каде се лимитите на возилото во тие услови. Ѕирни видеа на Youtube, убаво објаснуваат со анимации и практични примери.