Налетав случајно на темава па ми текна да постирам, да не оставате да ви се прават сегде мајсторишта. Само што ја купив колата, на поминување бев во Скопје. И така имав време одвишок тогаш ми текна да отидам на центрирање бидејќи ми беше минимално воланот према лево, а колата си одеше право. Претходно имав центрирано неколку коли кај Тихо во близина на Citymoll.. Одам таму кога некои сосема трети дечки во сервисот, мајсторот не бил тука они ќе сределе се да не се секирам. И ајде чекам ред, прават проверка дечкиве излегуваат од каналот и ми викат: " Друже, не може да се центрира колава... летвата ти тропа цела, мора да ја репарирме, плус и позади ти е искривена цела во трапот, види како стојат тркалата на косо." (колата фабрички е таква во подвозјето)
Си ја запалив колата и си отидов кај друг мајстор, ја среди за 5 секунди ептен минимално беше избегана предницата... Нити летва тропа, нити има нешто за менување во предница.. Инаку Тихо се што ми имаше правено до сега беше океј, не знам дали има уште чираци.