Автор Тема: Центрирање на предница КАДЕ???  (Прочитано 155487 пати)

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #435 на: 09 Мај 2026, 19:13:06 pm »
мене слично ми се деси кај типот што центрира предница до морски у населба лисиче што е. после 3 идења никако да го наштелува воланот и се откажав. Се спремав за кај Мето, ама па малце ме нервира што мето прима коли само до 9 сабајле па си ги работи во текот на денот и на крај на ден си ја земаш колата. Кај се наоѓа овој Ванчо поточно ?
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1490
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #436 на: 10 Мај 2026, 23:03:16 pm »
Ванчо е на Кале ама ќе се селат од септември. Сервисот се вика „ВАЈ“. Мислам го има на гугл мапс.
Се наоѓа точно под бившата сала за свадби. Сега таму се е опколено со некакви нови згради.
Сервисот е едно 30 години. Опрема по мое добра и апдејтирана, а си ја знаат работата. Нема фестивал, има завршена работа од прва.
За центрирање мислам дека не треба да закажуваш.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2990
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #437 на: 12 Мај 2026, 10:37:54 am »
Се малтретирате само  :)
Правец БО-МИ... Пред да одам кај нив првпат - мене ми го центрираа воланот од тоа што забележа Мики, иако заборавив да им кажам (отидов за центрирање предница).

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1490
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #438 на: 12 Мај 2026, 10:59:59 am »
И да не им кажеш постапката е таа. Упалена кола (ради сервото) турање на волан на средина, фиксирање, па дури после центрирање.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8414
  • Плинаш!!!
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #439 на: 12 Мај 2026, 12:02:46 pm »
Се малтретирате само  :)
Правец БО-МИ... Пред да одам кај нив првпат - мене ми го центрираа воланот од тоа што забележа Мики, иако заборавив да им кажам (отидов за центрирање предница).
Јас не сум задоволен од бо-ми. Три пати се враќав кај нив. Кога ја однесов колато носеше на десно( менував повеќе работи на предницата) и ја средија, тргнав накај дома, почна да носи на лево. Се вратив, направија корекција, одеше право ама воланот не стоеше право. Се вратив и трет пат и као е сеа е таман. Ама не испадната така, сеа носи малку на десно и воланот е надесно, ако го држам право воланот оди право. И веќе беше касно да се враќам по 4ти пат, и оставив така. Малку е, не е страшно ама нервира.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1490
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #440 на: 12 Мај 2026, 12:15:24 pm »
Јас за среќа не сум посетувал сервиси за центрирање, иако некои препорачуваат одвреме навреме. Последно беше со мојот прв стокец пред доста години.
Логиката ми е ако се е во ред да не чепкам а и поради вакви можни циркузи.
Од друга страна оваа работа си бара и искуство и обука. Некој газда ќе купи машина, и ај Перо ти со неа. Треба обука, и искуство не е на одмет.
3 пути да се враќаш како јас абе ни до влезна врата не им одам никад више.
Како можеше овој на кале од прва, без фестивал.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8414
  • Плинаш!!!
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #441 на: 12 Мај 2026, 12:20:08 pm »
Во бо-ми еден млад дечко ја штелуваше така да најверојатно е до искуството. Тие дечките што работена на илинденска си се шлајкаа лево десно.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Александар00

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #442 на: 14 Јули 2026, 14:05:39 pm »
Здраво дечки, се работи за фиат браво 2009та, колата има нагиб на десното тркало и нормално колата влече во десно. При возење ако има некоја нерамнина на патот самиот волан си врти во десно. Колата е носена 3-4 пати на центрирање и сите ми кажаа за тој нагиб а никој не ми кажа конкретно решение за проблемот, едни викаат амортизери други викаат летва или пак викаат да се смени цел рукавец со амортизер итн итн. Носена е и кај боми така и не е направена, разговарав и со тим ауто али не ми се допаѓа односот. Дајте препорака од човек што може да го реши проблемот а не само да давам пари за дијагностика и пак џабе.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1490
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #443 на: 14 Јули 2026, 16:55:24 pm »
Ванчо, сервис Вај, Кале

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 158
    • Meet a girl who's down for fun
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #444 на: 25 Август 2026, 00:37:17 am »
Сума сумарум, центрирање кај нас ти е мачка у вреќа. :) Некој со позитивно искуство во околината на Штип?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2990
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #445 на: 25 Август 2026, 00:42:38 am »
Сума сумарум, центрирање кај нас ти е мачка у вреќа. :) Некој со позитивно искуство во околината на Штип?

Мотоцентар.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1039
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #446 на: 14 Септември 2026, 08:48:25 am »
Се малтретирате само  :)
Правец БО-МИ... Пред да одам кај нив првпат - мене ми го центрираа воланот од тоа што забележа Мики, иако заборавив да им кажам (отидов за центрирање предница).
Јас не сум задоволен од бо-ми. Три пати се враќав кај нив. Кога ја однесов колато носеше на десно( менував повеќе работи на предницата) и ја средија, тргнав накај дома, почна да носи на лево. Се вратив, направија корекција, одеше право ама воланот не стоеше право. Се вратив и трет пат и као е сеа е таман. Ама не испадната така, сеа носи малку на десно и воланот е надесно, ако го држам право воланот оди право. И веќе беше касно да се враќам по 4ти пат, и оставив така. Малку е, не е страшно ама нервира.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk



Приметив на форумов многу ги фалат БоМи па сакам да споделам негативно искуство.
Отидов чисто на проверка на подвозје, по проверката ми рекоа треба да се сменат задните амортизери и добив понуда од 200е. Земав уште една понуда од друг сервис со TRW заден сет, 100е значи упола од нивната.
Чудно ми беше бидејќи колата си вози супер, нема скокање или да налегнува во кривини на поголема брзина па легнав да ги прегледам визуелно, амортизерите беа чисти без капка уље, а тој од БоМи со гледање од 1 минута на канал утврди дека се за мењање.
Следно ја однесов колата во ПСС на машините за тест на амортизери, предните 99% / задните на 97%. Контролорот вика амортизериве ти се супер, кој ти рекол дека се за промена? Да не му требале пари? :)

Сума сумару негативно искуство со БоМи, да те тераат да смениш исправен фабрички дел за да профитираат и тоа за х2 од цената.....

Инаку да, за центрирање секогаш одам во Мотоцентар, професионални и фер со цени, секогаш најнова опрема и искусни оперативци, често одат на обуки во странство.
« Последно менување: 14 Септември 2026, 08:54:04 am deksa »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45227
  • Il Moderatore
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #447 на: 14 Септември 2026, 13:09:35 pm »
Нема да коментирам за нивниот однос или како дијагностицирале и дали точно или неточно (не се ставам во нивна одбрана, да не ме сфатиш погрешно-), само ќе искоментирам за цената на амортизерите: TRW Twin, би ги заобиколил при купување амортизаери, тоа е најбуџетската варијанта на амортизери, и често имаат многу ниска цена за пар. Обично колку еден нормален. Така да за цената не те мафтосале, оди прашај во овластен сервис колку е оригинален, па ќе те фркне глава.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #448 на: 14 Септември 2026, 13:16:14 pm »
Ако е за Outlander-от TRW Twin се 18-19€ парче, додека TRW Single се 20-21€ парче. Додај +300% за да добиеш македонска цена  ;)

Отсутен nikola98

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1057
  • The best or nothing.
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #449 на: 14 Септември 2026, 15:47:49 pm »
Ако е за Outlander-от TRW Twin се 18-19€ парче, додека TRW Single се 20-21€ парче. Додај +300% за да добиеш македонска цена  ;)

Демн. Ова е цена во Германија?