По нашиве гаражи тешко дека ќе најдеш светла фолија.Денес го правевме муабетот со Аце Ван Џонсон,зошто веќе не носи од светлите фолии,барем од таа со 30% затемнетост или како што ја викаат 70% видливост.
Муабетот е дека кога го отвараше сервисот пред отприлика 2 год нарачал 2 котури бидејќи тоа е минимум кога се прави нарачка од Холандија,мака мачеше да ја угради на некое возило.Едноставно луѓето не ни прашуваат за светли фолии,во последно време и таа со 50% затемнетост тешко се продава и веќе не ја нарачува.50 и 70% стави само на познаници и пријатели на кој првичната намера им е вистинска УВ заштита а не ќумур црни прозори за курчење.Сите бараат проклето црна фолија и после мака мачат кога возат навечер ама мислат дека опасно изгледаат.
Еве јас бев солидарен и последното парче со 70% видливост го залепив на предната шофершајбна минатото лето и сум многу задоволен од ефектот,ќе ставев и посветла само поради Ув заштита ама намаше
Инаку постои и фолија со 0% затемнетост а со истата Ув заштита како темните ама нема на кого да ја уградиш,што ако ставиш фолија а комшиите не го приметат тоа,нели