Автор Тема: КЛИМА ФОЛИИ  (Прочитано 57748 пати)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #105 на: 12 Март 2014, 10:34:48 am »
И јас сакам 70% за Алфата. Ако си Дени озбилен, да му појдеме на Аце, да го убедиме да нарача 2 котури? :)

Кје пројде на атест? Ако проаѓа јас би ставил на две коли најсветла.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #106 на: 12 Март 2014, 10:39:51 am »
Предна шофершајбна ако има фолија и тоа поларизирана, уживање во возење...

Искрено би одбегнал поларизирани моменти на шофершајбна. Дури и наочари со поларизирани стакла за возење. Во современи услови на дисплеи и лед светла поларизираните стакла може да не пропуштат целосно некој светлосен извор.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #107 на: 12 Март 2014, 10:41:08 am »
Не ми се случило до сега нешто такво.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #108 на: 12 Март 2014, 12:33:20 pm »
Onak pisav i pogore so 30% folija i + tvojte stakla se sigurno preku 25% imas idealna kombinacija..
Preku den skoro sekoja kola izgleda ubavo ali navecer prasaj gi gazdite kako idat u tikverc ako nema bilo kakvo pomagalo nego mora prozor da otvara i glava da vadi nadvor..
Sega znam deka kje napadnat site na ova ali sepak priznajte deka ima poteskotija...

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #109 на: 12 Март 2014, 12:41:40 pm »
Секако дека можноста е мала. Ама дали некогаш си гледал телефонски дисплеј со поларизирани наочари. Врти го дисплејот ќе видиш промена на боите и тоа што се прикажува.

Теоретски лед диодите даваат целосно монохроматска и често униполарна светлина. Решението за да се избегнат гранични  случаи би било да се користи циркуларен поларизатор но тој ретко се корсити за наочари и фолии.

http://www.lhup.edu/~dsimanek/14/polaroid.htm

Тоа што мене не ми се случиле многу работи што се случуваат не значи дека не е можно да се случат.

Јас сепак за возење повеќе би сакал фотохроматски верзии на очила за сонце.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #110 на: 12 Март 2014, 13:05:34 pm »
За возење исклучиво полаизирачки наочари користам. А и општо за гладање. Совршени се според мене.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #111 на: 12 Март 2014, 20:21:13 pm »
Предна шофершајбна ако има фолија и тоа поларизирана, уживање во возење...

Искрено би одбегнал поларизирани моменти на шофершајбна. Дури и наочари со поларизирани стакла за возење. Во современи услови на дисплеи и лед светла поларизираните стакла може да не пропуштат целосно некој светлосен извор.

Не е страшно тоа.
Страшно е секундарно некој јак одблесок да ти го одвлече вниманието да замижиш на кратко и некое сра*е да се деси.


Сретнал некој кај нас поларизирана фолија, проsирна и затемнета?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #112 на: 12 Март 2014, 21:10:36 pm »
И јас мислам дека се доста пријатни поларизирачки стакла на наочари за сонце. Сепак со малце резерва  околу гаџетите што ги користиме во секојдневието.

Цитат
What are the disadvantages of polarized lenses?

Polarized lenses can be troubling for people who need to see LCD (liquid crystal displays) screens clearly. In fact, wearing polarized lenses can make an LCD screen difficult to read and can even make it seem to disappear completely at certain angles. Therefore, operators of heavy equipment or pilots should not wear polarized lenses. Although polarized lenses are generally recommended for snow skiers, some downhill skiers complain that they do not provide enough contrast to differentiate between patches of ice, snow and hills, presenting a danger to the skier.


Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #113 на: 12 Март 2014, 21:43:31 pm »
bramovsk

Пробај носи поларизирани во возење ќе осетиш голем комфор и чиста видливост.

Прво шал таблата што ти се појавува отсјај на шофершајбна, од други возила разминување отсјај и т.н.

Кога е облачно, тунели не ги носам ми сметаат ме замараат.  Најефективни на сончево!

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #114 на: 12 Март 2014, 22:11:05 pm »
Возам со полари. Но возам и со неполаризирно со квалитетн стакла. Занам што е предноста на поларизираните ич не мислам дека се лоши. Ги носам ина планини и покрај вода .. само има мана. Не се арни со  LCD-a.


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #115 на: 12 Март 2014, 23:11:59 pm »
тоа ли било фората што не ми се гледаше ништо на телефонот кога ќе го свртев за 90 степени да биде поголема мапата на iGo-то.интересно и поучно :)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #116 на: 12 Март 2014, 23:26:19 pm »
bramovsk

Koга ќе гледаш во навигацијата, моб. дигни ги и решен проблем.

Отсутен аллександар

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #117 на: 13 Март 2014, 01:53:03 am »
Onak pisav i pogore so 30% folija i + tvojte stakla se sigurno preku 25% imas idealna kombinacija..
Preku den skoro sekoja kola izgleda ubavo ali navecer prasaj gi gazdite kako idat u tikverc ako nema bilo kakvo pomagalo nego mora prozor da otvara i glava da vadi nadvor..
Sega znam deka kje napadnat site na ova ali sepak priznajte deka ima poteskotija...

многу е бедно! еве јас од искуство ти кажувам.... преку ден се е оеј и одлично е ама навечер... ај за во рикверц можеби и не е толку страшно ама кај што си на неосветлена улица да видиш лево десно нешто тоа го нема..... заебано е дефинитивно!!!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #118 на: 13 Март 2014, 09:38:43 am »
имав на Ш1 фолии од напред... ке се навикне човек и на тоа.. ке знаеш како и каде да пазиш. возев со 50% фолии +фабричкото затемнување на стаклата.. за рикверц подотварав прозори за да можам да гледам поубаво ов ретровизорите. и ок се навикнав се додека еден убав сончев пролетен ден, не ме заустави полиција на автопат, пред влез за во тетово и не ми го рече следново:

вади ги или казна, бирај...

и така јас и лепша половина ги активиравме ноктите додека деце 2 седеа и чекаа... откако ги олупивме само предните, дојде полицаецот со осмех од уше до уше и ми вика е вака треба да ти личи колата, вака е според атестот...

мани друго, прогледав. значи не сум ни бил свесен колку малку се гледа... е сега, вториот проблем е што јас стварно многу возам... и зимово и не ми беше проблем, ама еве го лето иде, и ке биде проблем... постојано левата рака ми е повеке (драстично повеке) исончана и по црна од десната... се размислувам за некоја комбинација на извади-стави на самите предни стакла...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: КЛИМА ФОЛИИ
« Одговори #119 на: 13 Март 2014, 16:24:07 pm »
дечки ај советувајте ме малце.... сакам да ставам фолии на колава и тоа цела да ја затемнам осим предна шофершајбна нели..

е сеа се изначитав и се изнаслушав еден куп разни муебти.... имам неколку прашања кратки и јасни...

најпрво сакам да напоменам дека за фолиите имам на план да вадам атест за да немам заебанции со џандари и казни од по 300 евра.

1. дали смеам да ги затемнам предните стакла на возачката и совозачката врата.
2. колку проценти смеам да ги затемнам предните а колку задните ( ако се дозволени да се зтемнуваат и предни )
3. онир проценти кои ги куваат 30 40 50 посто... дали тоа се однесува на процент на пропустливост на светлина или процент на затемнетост?
4. дали навечер би имал проблеми ако ја затемнам колата - често пати читам дека во темни места треба глава низ прозор да извадиш за да видиш кај одиш....
5. има ли некој искуство со џандари со цела затемнета кола

Nie prestanavme so montaza na klima folii kon krajot na minatogodisnata sezona. Imame golem broj na montazi na plinski uredi vo tekot ma letniot period, koga e  I sezonata na folii, taka da ni nedostasuva  dovolno prostor I personal za da gi usluzime I klientite zinteresirani za vgraduvanje na folii. Vi preporacuvam  da se obratite kaj momcite od Van Jonson, ke Vi objasnat se sto treba da znaete za klima foliite
« Последно менување: 13 Март 2014, 16:52:08 pm plimont »