Nume,
Завесите ги имам на голфот на жена ми. Се работи сепак за софистицирано решение, и да, многу е важна калибрацијата на материјалот. Не се споредуваат со пазарџиските завеси, а и по цена се соленки. ( Дури се и поскапи од фолиите ), бидејки секако се прават наменски за секое возило.
И да, ефектот е ист со фолиите.
Инаку, оваа фирма работи за големите авто марки, и истите се купуваат кај увозниците на возила како оргинална додатна опрема, а верувам дека прошле добар тест, у еден Ауди, или BMW, за делотворноста во поглед на заштитата.
Во меѓупериодите ( пролет или есен ) коа не пушташ клима у кола, одлично е што ем е сенка, ем може џамот да е подотворен.
Интересно кинезиве не стасале до моментот да ги ископираат.
Со оглед дека за мојата кола сеуште не ги произведуваат, барам голема димензија на пазарџиски, да направам своја рамка спрема колата, ама никако по Скопје да најдам голема димензија ( на пример за задно стакло ) да можам на раат да пробувам да праам за странични. Све се со некои Џивџи и Том и Џери слики по нив. Црни не сум нашол.
Ќе гледам деновиве да постирам фотки, и однадвор и одвнатре, а за ефектот, едино може да ми верувате, или да се повозиме на сонце.