Eве
@зоки-златен како беше кај мене првично, не беше баш дисхидроза туку некој вид помфоликс:
После 2 рунди со антибиотици, вибрамицин и доксицилин уште полошо стана, и доби име дисхидроза заради поткожните меури кои беа меѓу прстите и општо на цели раце, срам ми беше на работа ко ќе одев а со луѓе се мешав, како некој лепрозен бев (не знам шо е лепроза). Плус ми излегуваа меурчиња и зад уши и на темето на главата и на крајот ми ја лачеше течноста дури и низ брадавици.
Кога престанав да земам антибиотици и кога се мачкав од маст Белогент(со кортико) ми поминуваа тие поплитките и пукнатите, подлабоките не ги „фаќаше“ убо на дланката, а со дексаметазон(таблети со кортико) ми поминуваа сите, ама дури земаш, после тоа пак излегуваат полека нови.
Во тие 4-5 месеци пробав и со нараквици да носам ништо метално да не фаќам, јадев дома со нараквици приборот го држев, џабе немаше промена.
Пробав и конзерви да избегнувам, да не сум алергичен нешто на металот пошто цел гугл викаше така, пак џабе.
И од кожно докторката раце крена се додека не најдов еден пост на интернет прилично добро опишан дека цело ова е внатрешно, имаш повеќе габи во цревата него добри бактерии и го иритираат организмот и јавува на кожа. А габите јадат шеќери па ако му даваш тие ќе се множат, додај му на ова и антибиотици и никакви бактерии немаш во цревата за да има баланс меѓу двете. Крвни слики, брисев и не знам што направив дури и во Плодност 6000ден се оставив, никој ништо не најде.
Откиртието дојде ко ги пресеков на нула благото, шеќер во пијалоци, овошје и сл, а појачав на Баланс јогурт и кромид, кои содржат пребиотици, храна за пробиотиците(бактериите) за да се вратат во нормала. 2016-та не беа толку добри пробиотиците колку денес и процесот беше побавен ама од ден на ден се гледаше дека ништо ново не излегува а старо се повлекува.
Толку имам да кажам, ако појачам на шеќерни работи пак до ден денес можи рандом некое меурче да излези ама си го знам рецептот, па сега ти види си.