Ми препорача некои вентилатори од Германија и Италија, што разменуваат воздух.
Зборев со некои фирми, рекуператори наводно се викаат, ако се тие. Со керамички изненувач за да вратат иста температура на воздухот дома. Се поставуваат согласно квадратурата и кубатурата на просторот. Ваилант беше 600 евра еден. Друга фирма по 200 евра ги имаше на понуда.
Рекуператори служат за заштедување на дел од термалната/енергетската загуба што се дешава при вентилација. Јас сериозно размислував за купување ама полека се откажав откако разбрав две работи: Прво нереално беа скапи (тогаш барем, не знам денес) за нивото на заштедата (пресметано во пари). Второ, во Скопје проблемот е загадениот воздух и кога е ладно времето едноставно не сакаш да имаш вентилација - или изборот е меѓу загаден воздух и влага.
Крајно има уште еден фактор за влагата: Температура.
Повисока температура дома (повеќе греење) е еднакво на повисока точка на роса и со тоа, помалку влага.
Заклучок (мојот): Рекуператорите се прескапи за заштедата, имаат смисла и намена на западот каде што струјата е поскапа и каде што воздухот надвор е почист.
Чисто за вентилација на ладно време, доволно е да подотвориш прозори онака по малку... Кога не е премногу загадено. Исто така и да грееш на повисока температура дома, и да инвестираш во надворешна изолација.
Ќе даваш повеќе пари на греење ама тоа е тоа.