Пред некое време коментирав за ПВЦ столарија па сега да споделам мало искуство.
По многу споредување разни профили, разни фирми, познати и не толку познати (приватни локални) решив да нарачам од Проспера со Трокал профил (преку претставник кој работи во мојот град).
Ги донесоа прозорците, сеуште не се монтирани но вака според изглед ми изгледаат доста квалитетни профилите, стаклата и целата изработка.
Ги донесоа комплет наместени затворени, не знам дали вака сите прават ама сум забележал локални фирмички овде прво ги носат профилите ги монтираат и крилата и на крајот ги ставаат стаклата. Овие се комплет се наместени уште да се монтираат, за што претпоставувам ќе се откачи само крилото.
Инаку прозорите се многу тешки едвај ги внесоа и нешто што највеќе ми се допадна секој дел од профилот како и стаклото е со посебна налепница на која пишува детали, кој профил, димензии, стакла, дебелина, исполна, тежина.... Стаклата се изработени во бугарија во фирма на која газдата е германец и ги работи стаклата по лиценца на Guardian (ова го знам од порано од другар кој работеше во бг и соработуваше со таа фирма). И човекот со кој договарав ми го кажуваше истото но јас искрено не верував дека ќе е така бидејќи 90% од фирмите стаклата ги земаат од локални производители што не ми се допаѓа.
Јас се двоумев помеѓу трокал 70 и трокал 76, го одбрав поевтиниот профил Трокал 70 и одбрав трослоен термопан од 36мм. Се решив за таа комбинација бидејќи мое мислење е дека поради тоа што стаклото го опфаќа поголемиот дел од површината подобро е стаклото да е поубаво со подобра изолација отколку самиот профил. Карактеристиките се следни:
Трокал Актив 70мм UF=1.3W/m2K
Трокал Актив 76мм UF=1.2W/m2K
Двослоен Термопан 30мм (4+22+4) со нискоемисионо К стакло исполна со аргон - Ug - 1W/m2K
Трослоен Термопан 36мм (4+12+4+12+4) со нискоемисионо К стакло и 4 сезони исполна со аргон - Ug - 0,7W/m2K
Дополнително некои детали можете да видите и на
http://www.rojalinvest.com.mk/pvc-prozori-i-vrati-0Понудата беше следна:
Прозор 140х170
Трокал 76мм со двослоен термпоан = 263ЕУР
Трокал 70 со трослоен термпопан 249ЕУР
Прозор 140х130
Трокал 76мм со двослоен термпоан = 223ЕУР
Трокал 70 со трослоен термпопан 211ЕУР
Она што е интересно е дека со 'послабиот' профил а подобро стакло цената е поевтина. Не е голема разликата но како што кажав според мене стаклото е побитен дел бидејќи ја зазема барем 70% од површината. Дополнително ако се работи за поголема количина прозори врати тогаш се јавува доста разлика во цената.
Затоа и се решив да одам со таа комбинација па би сакал да слушнам и други мислења.
Дали според вас е подобро да се оди со послаб профил а подобро стакло или има друга причина поради која оваа комбинација е со пониска цена.