Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1589298 пати)

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
  • Custom made interiors
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5700 на: 04 Октомври 2017, 23:46:16 pm »
Имам една просторија за спремање. Прво белење ѕидовите па после да лепам плочки на подот или обратно?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5701 на: 05 Октомври 2017, 01:00:49 am »
Обратно.
Полесно ќе тргнеш накапана боја од плочка, него ли прашина од сечење плочки од тазе обелен ѕид.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5702 на: 05 Октомври 2017, 15:16:01 pm »
Обратно, да.

При лепењето може и лепал да нашлакаш на ѕидот а посебно ако лепиш и цокле од плочки на ѕидот.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
  • Custom made interiors
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5703 на: 05 Октомври 2017, 20:08:20 pm »
Најдов  плочки од природен гранит 305 х 305мм- 10мм дебелина 1120 денари квадрат.
Скапи се?
Незнам како се движат цените не сум се распрашувал.

Отсутен Диневски

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
  • www.imagine.mk
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5704 на: 08 Октомври 2017, 16:22:50 pm »
Пред некое време коментирав за ПВЦ столарија па сега да споделам мало искуство.
По многу споредување разни профили, разни фирми, познати и не толку познати (приватни локални) решив да нарачам од Проспера со Трокал профил (преку претставник кој работи во мојот град).

Ги донесоа прозорците, сеуште не се монтирани но вака според изглед ми изгледаат доста квалитетни профилите, стаклата и целата изработка.
Ги донесоа комплет наместени затворени, не знам дали вака сите прават ама сум забележал локални фирмички овде прво ги носат профилите ги монтираат и крилата и на крајот ги ставаат стаклата. Овие се комплет се наместени уште да се монтираат, за што претпоставувам ќе се откачи само крилото.

Инаку прозорите се многу тешки едвај ги внесоа и нешто што највеќе ми се допадна секој дел од профилот како и стаклото е со посебна налепница на која пишува детали, кој профил, димензии, стакла, дебелина, исполна, тежина.... Стаклата се изработени во бугарија во фирма на која газдата е германец и ги работи стаклата по лиценца на Guardian (ова го знам од порано од другар кој работеше во бг и соработуваше со таа фирма). И човекот со кој договарав ми го кажуваше истото но јас искрено не верував дека ќе е така бидејќи 90% од фирмите стаклата ги земаат од локални производители што не ми се допаѓа.

Јас се двоумев помеѓу трокал 70 и трокал 76, го одбрав поевтиниот профил Трокал 70 и одбрав трослоен термопан од 36мм. Се решив за таа комбинација бидејќи мое мислење е дека поради тоа што стаклото го опфаќа поголемиот дел од површината подобро е стаклото да е поубаво со подобра изолација отколку самиот профил. Карактеристиките се следни:

Трокал Актив 70мм UF=1.3W/m2K
Трокал Актив 76мм UF=1.2W/m2K
Двослоен Термопан 30мм (4+22+4) со нискоемисионо К стакло исполна со аргон - Ug - 1W/m2K
Трослоен Термопан 36мм (4+12+4+12+4) со нискоемисионо К стакло и 4 сезони исполна со аргон - Ug - 0,7W/m2K

Дополнително некои детали можете да видите и на http://www.rojalinvest.com.mk/pvc-prozori-i-vrati-0

Понудата беше следна:
Прозор 140х170
Трокал 76мм со двослоен термпоан = 263ЕУР
Трокал 70 со трослоен термпопан 249ЕУР

Прозор 140х130
Трокал 76мм со двослоен термпоан = 223ЕУР
Трокал 70 со трослоен термпопан 211ЕУР

Она што е интересно е дека со 'послабиот' профил а подобро стакло цената е поевтина. Не е голема разликата но како што кажав според мене стаклото е побитен дел бидејќи ја зазема барем 70% од површината. Дополнително ако се работи за поголема количина прозори врати тогаш се јавува доста разлика во цената.

Затоа и се решив да одам со таа комбинација па би сакал да слушнам и други мислења.
Дали според вас е подобро да се оди со послаб профил а подобро стакло или има друга причина поради која оваа комбинација е со пониска цена.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5705 на: 08 Октомври 2017, 17:08:49 pm »
Драпај меот све тоа.

Битниот дел е кога ќе се наместат 100% комплетно да налегне прозорот на рамката. Сите гуми да фатат убаво. Секаде да легне секој прозор без мев или процеп.

Другото е мање више небитно.

Кога ќе местат треба 500% внимание. Ако не и повеќе.

Ако не е 5000% убаво налегнато и диши од некаде џабе и 11 комори и 22 стакла и вакум и све.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5706 на: 08 Октомври 2017, 17:38:13 pm »
Да се надоврзам на Дени.....

Монтажата е најбитна споредн мене. Тоа комори, лиценци, стакло... се е мачкање очи.

Монтажа по пропис, затворање на ѕид со рамка - по пропис.
После тоа, добар механизам.

Другото е скроз не битно.

Отсутен Диневски

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
  • www.imagine.mk
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5707 на: 08 Октомври 2017, 20:59:57 pm »
Значи според вас не е битен профилот и стаклото.  да точно дека монтажата е најбитна ама дека не е битно дебелината на стаклото како и растојанието и полнењето меѓу нив не се слагам.
А инаку кај нас никој ама баш никој не работи по пропис се знае штрафење пурпена и чао

Sent from my HM NOTE 1LTE using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5708 на: 08 Октомври 2017, 21:00:39 pm »
Ако не дихтува 500% да џабе е се.

Отсутен Диневски

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
  • www.imagine.mk
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5709 на: 08 Октомври 2017, 21:05:00 pm »
Ок да како што реков секој се слага за тоа сакав да слушнам мислење за разните комбинации ако претпоставиме дека монтажата е како што треба ама ок...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5710 на: 08 Октомври 2017, 21:45:29 pm »
Има фирми што си работат по пропис. Ќе си ангажираш чоек ако треба да пази.

Еве самиот ти гледаш во табелата дека разликата од две стакла до 3 е 0.1 W/m2K

Трокал Актив 70мм UF=1.3W/m2K
Трокал Актив 76мм UF=1.2W/m2K

Реално тоа е битно ако правиш пресметки за каталог за пасивна куќа.

И ќе дојди Перо и ќе ти ги монтира со пур пена 2 см, па после ти фали се дека имаш 3 стакла.
:)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4396
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5711 на: 08 Октомври 2017, 21:51:46 pm »
Перо топ мајстор е,сите го фалат,нема утки до сега,не зборете така за чоекот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5712 на: 08 Октомври 2017, 22:13:32 pm »
Ако сакаш пресметка да направиме ајде. Под услов да дихтува се.

Вака. надворешна температура ќе земеме -10 степени константно. Нешто што релано не се случува кај нас никогаш и е огромен екстрем. Понатаму внатре да земеме дека е 26 степени температура, исто нешто што не се случува никогаш и е екстрем.

Еве да земеме дека 2 квадрата е врата, 1.5 е прозор. Околу 4 квадрата прозор по соба. Значи вкупно 3х4=12 плус некои ситници ете 15 квадрата прозор. Што е пак некој екстрем.

Делта Т ќе е 26-(-10)=36 степени разлика.
Најдобриот прозор ќе губи 0.7*36*15=378W
Најлошиот 1.3*36*15=702W

Ако се грееш на котел на струја, или панели на струја, или парно на струја како најскапо греење тоа се 0.378*24*30= 272KWh Пак екстрем земаме. Загубите се на просечна цена на струја од 4.5 денари (ефтина скапа) значи 1224 денари. Со најлошите прозори е 2224 денари.

Значи максимално што може да заштедат е 1000 денари месечно во греење во најекстремната зима што постоела во историјата во еден месец. Како лани што беше една недела во годината во Јануари.

Сега мислам дека е појасно зошто е занемарливо.

Ако наместо котел на парно, се користи топлинска пумпа која во тие услови има околу 2.5COP, еве ќе земеме 2 COP како екстрем. Заштедата ќе е 500 денари. А затоа што зимите во просек се многу потопли и просечно над таа температура заштедата нема да надмине 2000 денари во целата грејна сезона.

Океј е тоа, не дека не. Ама во пасивна куќа каде тие 200KWч ги добиваш од батерии, поленти на сончева енергија, која едвај ја има зимно време е битно. Ама кога од EVN земаш за 4.5 денари во просек - е многу помалку важно.

За разлика од тоа, дупче, неналегнат дихтунг, незадихтувана рамка ќе има десетици пати поголеми проблеми како на цената на греење, така и на комфорот на лицата во собите.

Понатаму трослојни и тешки прозорци се поголем терет на механизните и на рамките и побрзо ќе попуштат низ годините. Ќе имаат поголема шанса за деформирање под дејство на гравитација, и при удари.

Откога ќе се наместат прозорците, треба по ивицата да се задихтуваат дополнително уште по еднаш со акрилен силикон рамките со ѕидот по можност од надворешна страна барем. Ако неможе тогаш од внатрешна. Или од двете. За да се избегне пробивање на воздух меѓу рамката и ѕидот. Секое можно делче и спој на два материјала мора да е комплетно задихтуван. По можност на неколку места.

Затоа е важно местењето на прозорите, налегнувањето на рамките, налегнувањто на дихтунзите, задихтувањето на рамките, и леснотијата на прозорецот. А многу помалку е важно какво стакло, каква рамка, материјалот и премазите на стаклата, полнењето меѓу прозорите и слично.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5713 на: 17 Октомври 2017, 03:19:31 am »
Размислувам за лизгачки врати за плакар, се мислев нешто во овој стил:



Некои идеи за провидниот материјал?
Се мислев за некоја непровидна хартија, евентуално тапет... Овде употребиле лексан:
http://www.instructables.com/id/Shoji-style-sliding-closet-doors-from-scratch/
http://cdn.instructables.com/FDX/R1UV/G0AMFIO3/FDXR1UVG0AMFIO3.MEDIUM.jpg

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5714 на: 17 Октомври 2017, 06:55:41 am »
Тенок мат плексиглас. Или проѕирен ако не најдеш мат, па со мат фолија одозгора.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.