1. Кошулица се става во зависност колку сакаш да го крениш подот. Зависи од врати, инсталации итн...
2. После плоча треба да ставиш стиропор тврдо пресуван (стиродур ....) 1+1 см. Тој користи за да направиш изолација: термичка и акустична. Исто така со тоа правиш пливачки под.
Тоа значи дека подото што ќе го ставиш врз стиропорот не е цврсто врзан за конструкцијата (бетонот). Со тоа се елеминират пукнатини, движење на кошулицата и пренос на звук на другите катови.
3. Колку мајстори да прашаш, толку различни одговори ќе добиеш. Мајсторите се „најпаметни“.
Не прашувај мајстор. Прашај инженер и кажи му на мајсторот што да прави.
4. Кошулица класична се става во слој од 5-7-10см. Значи некој минимум е 5см. Тоа е толку за да избегни пукање и да можи да се нивелира како што треба. Ако е крива плочата, можи и поголем слој ќе оди.
5. Влакна за укрутување, ако имаш можност, ставај. Не штетат.
6. Ако сакаш нешто минимално да ставаш (1-2 см) тогаш имаш друг самонивелирачки под кој се користи за таква намена.
Ако ставаш во влажни простории нормално првен хидроизолација се става па кошулица.
Исто така после стиропорот се става градежен најлон. За да го заштитиш стиропорот од влијанија од кошулицата.