Фала момци, на советите, препораките и понудите.
Ќе разгледам се внимателно.
Стиропор, би требало мин. 5ка да земеш за да има поента, можеш било каде по градежниве стоваришта да најдеш, или евентуално директно во Усјепор.
Стиропор, минимум 8ца сакам, минимум 17килска. 10-ка би земал ама ме условуваат со некои работи и моментално нема на лагер а јас сакам деновиве да се почне со фасадата.
Пред малку зборевме со луѓе застапништвото на JUBOZOL, даваат гаранција ако сите елементи се од нив. Но тоа што всушност најмногу ми се допадна, е што масторите мора да се сертифицирани кај нив, плус неколку пати (ненајавено) нивни претставници ќе доаѓаат во контрола на изработката за да се уверат дека се е според пропишаниот стандард изработено. Инаку нема писмена гаранција, и изведувачот го губи сертификатот.
Постапката (и котролата) влева некаква сигурност. Но од друга страна условуваат употреба на поскапите материјали од Јуб.
Сале гледам ти си ставил MARK абрихт (абрив, како веќе се изговара), таков мислев и јас да ставам. Ама за гаранција ме условуваат со поскапиот декоративен малтер:
http://www.jub.com.mk/fasadni-sistemi-i-energetski-reshenija/dekorativni-malteri/akrilni-glajen-ometТој е 1800ден по 25килска канта, додека MARK-от ми го нудат по 1100ден за 25килска канта. Исто и
подлогата која условуваат да се употребува е скоро дупло поскапа.
Голема разлика во пари излегува на крај.