Lambda сензори има разни... има и за Alfa поефтини (NKG/NTK на пример), ама у суштина еку-то е наштимано на оригиналната (Bosch-ова), а малите разлики во сензорите, прават големи разлики во работата на моторот.
Има разни слични комбинации, на пример MAF сензорот (без куќиште) за некои Алфи е ист како и на Лада 110, и може да се замени без проблеми. И двата се bosch-ови.
Јас сменив задни кугласти лагери - по мерцедесов каталошки број, а Alfa ти вика не се мењаат тие, треба цела заден рукавец да мењаш.
За овакви комбинации, треба ептен да ги пратиш интрнет форумите за твојата кола и да знаеш мајстор кој ќе го убедиш дека тоа што го правиш е вистинскиот потег
Некогаш мајсторите не сакаат да си „играат“ со такви работи - со право, зошто постои ризик пак да му се појавиш со истиот проблем и да го тераш да ти го решава. Ако му кажеш дека е на твој ризик - веројатно ќе прифати секој