@AUUU
Греењето и ладењето се каков-таков проблем од денешна гледна точка затоа што и покрај тоа што ќе одземаат по 1-2kW моќност тоа е ставка за денешните батерии. Но кога ќе се реши прашањето со усовршувањето на батериите, греењето и ладењето нема да играат буквално никаква улога ниту во автономноста, ниту во моќноста. А тоа BMW M6 ќе има историска вредност. Замисли 2-3 пати поголема моќност во просек во истата шасија на M6, но возило со помала тежина...А?
И нема потреба од тагување по звукот. Едноставно се решава со минијатурна апликација која ќе ти произведе каков сакаш звук кој ќе го слушаш на звучките во кола: звук од шестак, формула, би-турбо V10, комбајн со атмосферски дизел, парна локомотива. Значи се што досега си слушнал во животот ќе ти биде на располагање за брмчење во кабина, притоа без да страда слухот на невино население по улици.