Автор Тема: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !  (Прочитано 18206 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #45 на: 09 Јануари 2012, 00:06:52 am »
Водород.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #46 на: 09 Јануари 2012, 00:19:32 am »
Јас мислам како тргнале работиве, иднината на транспортот во Македонија изгледа вака:

А на водно кога веќе нема да врне снег во Скопје ќе си дрифтаме вака:

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #47 на: 09 Јануари 2012, 00:28:24 am »
И сеа? Што испадна од муабетов? Алфа или leafblower?
Мојата е EURO3 - така да Alfa - Секогаш :) Leaf Blower-ot ми е на струја (ова е вистина - не се заебавам) :)

Ej Leaf Blower на струја е само за жени, незнаат да го запалат па го буткаат низ двор и се дерат ПУШТАЈ!!! :)

Мала шала! :)

Абе ова со алтернативниве горива т.е ОБНОВЛИВИ ми е позната ствар ама шознам дали сеуште е  не е баш "исплатлива", не дава финансиски резултати брзо и ради тоа не е интересна за секој.
Кола која се пуни на штекер дома т.е на струја добиена од НЕОБНОВЛИВИ извори и  не така  еколошко решение.
Сепак уште се истражува и развива,  али сепак денес кола која работи на фосилни горива и притоа има мала емисија на штетни гасови е најеколошко решение (во моментов!!).
Првин треба да се почне од домаќинствата, индустријата со примена на еколошки мерки па да заврши кај возилата. (имаше една статија ако ја најдам ќе ја постирам).



Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #48 на: 09 Јануари 2012, 00:35:30 am »
Трпе дали се сеќаваш пред колку време на земјава имаше 6 милијарди народ? А заколку време ќе има 8 и 9 и 10?
Колку ти е свежо сеќавањето?

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #49 на: 09 Јануари 2012, 00:37:56 am »
Трпе дали се сеќаваш пред колку време на земјава имаше 6 милијарди народ? А заколку време ќе има 8 и 9 и 10?
Колку ти е свежо сеќавањето?

Во ред сето тоа така е? Само не ја сваќам поентата на прашањето?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #50 на: 09 Јануари 2012, 00:41:58 am »
Трпе дали се сеќаваш пред колку време на земјава имаше 6 милијарди народ? А заколку време ќе има 8 и 9 и 10?
Колку ти е свежо сеќавањето?

Во ред сето тоа така е? Само не ја сваќам поентата на прашањето?
Поентата е што ќе се прави кога ќе има 10 милијарди народ, кога ќе биде уште поголем проблемот со достапноста ан фосилните горива и на просторот потребен за возење на возила. :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #51 на: 09 Јануари 2012, 00:47:04 am »
Само водород ќе има засекогаш !

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #52 на: 09 Јануари 2012, 00:51:29 am »
Трпе дали се сеќаваш пред колку време на земјава имаше 6 милијарди народ? А заколку време ќе има 8 и 9 и 10?
Колку ти е свежо сеќавањето?

Во ред сето тоа така е? Само не ја сваќам поентата на прашањето?
Поентата е што ќе се прави кога ќе има 10 милијарди народ, кога ќе биде уште поголем проблемот со достапноста ан фосилните горива и на просторот потребен за возење на возила. :)

Тој проблем послесно се решава со користење на гупен и јавен превоз, а дека за скоро време ќе снема фосилни горива па не сум сигурен (т.е тој податок односно вистинската состојба е добро чувана со цел да не се дига паника, или да се дига цена :) )
Ипак јас ги употребив зборовите "сеуште", "денес" "уште се истрашува" за во иднина незнам.

Сепак јас мислам дека главни загадувачи се домаќинствата, индустријата и нерационално користење на ресурсите (вода, струја, храна, енергија)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #53 на: 09 Јануари 2012, 00:54:33 am »
Само водород ќе има засекогаш !
А кога ќе се потроши водородот во Сонцето? Што правиме тогаш?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #54 на: 09 Јануари 2012, 00:57:36 am »
Хахаха е тогаш ќе има некои нови луѓе, на некоја друга планета, под некои други услови ... Panta Rei  ;)

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #55 на: 09 Јануари 2012, 00:58:26 am »
Или нека му ја мисли 2456 колено од нас :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #56 на: 11 Јануари 2012, 12:12:52 pm »
1. Електромоторите имаат неспоредливо подобри возни својства од кој било мотор со внатрешно согорување (мвс). Вртливиот момент е перфектно рамномерно распореден низ вртежите - torque кривата не е воопшто крива, туку е перфектно рамна хоризонтална линија: електромотор „влече“ исто и на 1 и на 10.000 рпм. Со самото тоа нема потреба од никаква скапа и сложена трансмисија, запчаници и слични праисториски глупости.

2. Елктромоторите имаат неспоредливо помали паразитски загуби на енергија од мвс. Доказ: пробај со рака да завртиш оска на изгасен електромотор, а после пробај го истото со изгасен мвс. Таа огромна разлика во потребната сила е чиста паразитска загуба. Нема диференцијал, нема полуосовини, курци, палци... ништо! По едно електромоторче директно на самото тркало и чао. Колата ќе биде многу поедноставна и полесна, што дополнително ќе ја намали потрошувачката на гориво.

3. Електромоторите имаат многу поголема енергетска ефикасност од мвс: 90% наспроти едвај 50% кај најекономичните турбодизелчиња. Тоа значи дека дури и целата ел. енергија на овој свет да потекнува од термоелектрани на фосилни горива, тие фосилни горива ќе ги трошиме барем двојно помалку. А ако во математиката ја внесеме и дистрибуцијата на енергијата

4. Електричната енергија се дистирбуира неспоредливо поедноставно, поевтино е побезбедно.

5. Електричната енергија не се добива од само еден, туку од цела низа на различни извори, од кои некои се обновливи.

6. Електромоторот работи тивко. Тоа е за некого предност, за некого мана. За мене, кој пропател растејќи до булевар, е дефинитивно предност.

7. Во врска со дометот на колите: факт е дека денешното ниво на равој на батериите не дозволува голем пат пред да има потреба да се полнат батериите. Но, во Рено имаат одлична идеја како тој проблем не да се реши, туку да се заобиколи.

Пази ова:

Замислете некакви бензински пумпи, ама не се бензински пумпи туку полначници на батерии. Си застануваш со колата, ама не до пумпата, туку над некој канал. Роботска рака одоздола ја вади празната батерија која оди на повеќечасовно полнење и ти става друга, свежо наполнета батерија. Значи, наместо секоја кола да доаѓа со фабрички вградена батерија која не може да се вади и мора да се полни со саати, батеријата едноставно се менува на секоја „бензинска“. Слично како колички играчки на батерии. Застануваш, робот ти ја мења батеријата, и си продолжуваш после 2 минути.

Мотори со внатрешно согорување сe технолошки остаток од минатиот век. Спортски коли нека си прават со мвс, но за секојдневни потреби е вистински грев да се чади низ улици и населби во кои растат дечиња.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #57 на: 11 Јануари 2012, 12:18:02 pm »
Све фино што кажа филип и плус тоа што електраните загадувааат НАДВОР од населени места. Значи градовите ќе се почисти, што е доста важно. А ова за мењањево батерии не ти требаше... Пошто е тешка глупост, и крајно нереално.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #58 на: 11 Јануари 2012, 12:27:29 pm »

Пази ова:

Замислете некакви бензински пумпи, ама не се бензински пумпи туку полначници на батерии. Си застануваш со колата, ама не до пумпата, туку над некој канал. Роботска рака одоздола ја вади празната батерија која оди на повеќечасовно полнење и ти става друга, свежо наполнета батерија. Значи, наместо секоја кола да доаѓа со фабрички вградена батерија која не може да се вади и мора да се полни со саати, батеријата едноставно се менува на секоја „бензинска“. Слично како колички играчки на батерии. Застануваш, робот ти ја мења батеријата, и си продолжуваш после 2 минути.

Мотори со внатрешно согорување сe технолошки остаток од минатиот век. Спортски коли нека си прават со мвс, но за секојдневни потреби е вистински грев да се чади низ улици и населби во кои растат дечиња.

За жал не можам да го најдам текстот, меѓутоа имаше некаде убава статија - не со роботска рака која мења батерии, него едноставно во батериите ти го вадат/испуштаат стариот електролит, се менува со нов - во временски интервал ко` за полнење бензин :) Стариот(испразнет) електролит се рециклира - полни.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Тест на загадување помеѓу голема и мала кубикажа !
« Одговори #59 на: 11 Јануари 2012, 13:59:59 pm »
Убава расправа имате тука и доста аргументи и на едната и на другата страна.
Факт е дека некогаш ќе дојде до крај нафтава со која располагаме (или барем не тераат така да размислуваме за да ја качуваат цената)
е кога ќе дојде до тоа цената на нафтата да се искачи до тоа ниво да не биде више исплатливо да се вози, ни за потреба, а не за ќејф, сакале ние или не ќе мора да поминеме на следно ниво односно да се задоволиме со тоа што ќе ни го стават на располагање.

Потполно електрични автомобили не се практични и тоа е факт, замислете само колку струја би потрошиле на греење на кабината додека до стигнете на Маврово зимоска на -10°C, а колкав дел на самото движење. Употребливоста не сегашните електрични возила е исплатлива само во населени места односно градови каде не поминуваме повеќе километри од капацитетот на батериите во еден ден. Полнењето е неизбежно секоја вечер, а исплатливоста е на завидно ниво. Јас искрено би користел вакво возило за секојденвни потреби без размислување.
Што се однесува до загадувањето, се слагам дека не е непостоечко, туку е само посместено од населените места, ама не ли е во тоа и поентата, ние како и да е ќе ја загадуваме планетата ама барем не мора тоа да го дишеме секојденвно. Знам дека ова звучи малце нефер спрема оние кои живеат во близина на термоелектраните, но ако се фокусираме на производство на енергија од обновливи извори ова би можело да биде прифатливо. Секако неможат обновливите извори да ги заменат фосилните горива потполно но можеме да го зголемуваме процентот секојдневно со мудри инвестиции. Да не заборавиме дека за дел од корисниците на ел. возила можат да инвестираат (кога веќе можат да си дозволат и за сега скапо ел. возило) и во вакво нешто...



Ова веќе има смисла кај секојденвата употреба, замислете само колку Скопје би било почисто место да можевме барем 30% од возилата да ги замениме со ел. возила, да не ги спомнувам сите комбиња кои служат за дистрибуција секојдневно. А вакви системи би биле корисни и на паркинзите на компаниите, и така повеќето од нас се по 8 часа во канцеларија а возилото е надвор и се полни! Штета е што цената на ваквите возила е преголема за да можат сите да си ја дозволат и за сега со големи недостатоци, ама верувам дека сите што имаат за нов Mercedes C,E,S,ML,R.... BMW 3,5,7,X(Y)  можат да си го дозволат ова исто како што можат да си ги дозволат и прескапите лимузини кои ги возат, само потребно е статусниот симбол да не биде што поскапо возило од луксузен бренд туку свесноста за планетата која нажалост секој ден ја загадуваме се повеќе.

Загадувањето кое произлегува од производството на батериите и на крај нивното складирање (отпремување) не е занемарувачко и како што пишуваа повеќе светски медиуми (меѓу кои и омилениот ни TopGear) при производство на едно електично возило се создава повеќе СО2 отколку при повеќегодишна експлоатација на возило опремено со мотор на внатрешно согорување.


Единствено логично решение кое се наметнува се хибридите кои ги искористуваат најдобрите особини на МСВС и на Ел. мотор. Јапонците докажаа дека се големи визионери во технологијата, а сигурно не грешат овој пат!


Така да расправите дали електрични или „нормални“ возила можат да траат бесконечно и сите да бидат во право, јас сум меѓу последните кој би го заменил уживањето во BMW M (кој на жалост го немам)  за  нешто безшумно и со 30 кс. ама да бидеме реални дали 400 кс. ни се потребни за да стигнеме од дома до работа во 8.00 сабајле  со 9 семафори и просечна брзина на движење од 5 км/час ?!?!?