Дечки, малку олабавете. Потребни се сериозни реформи, и за тоа треба да се знае ред и редослед. Ако сакаме да имаме нормална средина, редот и поредокот мора да се средат. Ова требаше да се реши пред 10 години, а не сега да дискутираме.
Има многу поважни работи од „сејф сити“, даноци и останатите тековни прашања – тие се нормални во секоја здрава средина. За жал, ние како да сме изгубени во време и простор и се чудиме на основните работи.
Не треба колата да ја доживуваме како спектакл – ало, човече, кола е, не е трагедија! Пешки се оди пеш, се вози велосипед, се доживува допирот со отворено небо. Колата треба да служи за тоа за што е наменета. Ваквото лудило од примитивизам кај поголем број луѓе е несфатливо.
Постојат многу поважни работи во животот од тоа – светски театарски премиери, филмови, настани, модни ревии, концерти, иновации, фешн, култура, архитектура. А ние зборуваме за јебено одредена казна и дали е регистрирана кола… мислам, сериозно?