Интересен предлог ископиран од фејсбук.
5. Треба да се воведат 18 поени за секој возач. Но, не истите да служат за неплаќање на казни, како претходно, туку истите да се доделуваат автоматски. На возачот му се бришат 2 поени, ако во рок од 1 или 2 години не стори повторно прекршок. Постигна 18 поени, добиваш награда - целосно губење на возачка дозвола, и после 1 година повторно полагање, а претходно да добиеш дозвола од лекар и психолог (медицинско-психолошко испитување). Врз основа на бројот на собрани казнени поени, регистрацијата на возилото треба да се зголемува повеќе и повеќе.
Што?
Повеќето прашања за Safe City се одговорени кај Ландов во емисија денеска.
- Моментално е наместено на 50 km/h кога ќе почнат казнувањата, ќе има толеранција. Моментално се дефинира тоа и се разгледуваат модели.
- Во итен случај, пример на некого му се слошува, процедурата е пуштање трепкачи и возиш на болница со прекумерна брзина.
После возењето се јавувате по телефон во Полиција, давате информации и рачно ќе се прегледат камерите и казната ќе ви биде поништена - доколку стварно сте возеле на болница.
- Ако е гужва и случајно се затекните со возилото во забранета зона на раскрсница пример е црвено, повторно се јавувате/одите во полициска станица во рок од 8 дена и случајот се разгледува. Во вакви случаи казната се поништува.
Значи секој ден ќе треба да се оди или да се јавува во полициска станица да се објаснуваш дека си заглавил на раскрсница поради Х причини и да молиш да не ти пишат казна за поминување на црвено.
Од страв и камера на свадба ќе ја означат како спид камера. 
Гледам еден едитор е, gunnermkd никнејм има. Level3 едитор е, се потрудил да стигне до тоа ниво. Очигледно целта е да се „онеспособи“ waze како средство за легална борба против големиот брат.
И белите камери се ANPR камери, само не знам кои им се способностите.
До 320 фаќаат. Официјален податок. Над 320... бичи 
До 320кмч мерат точно тие со модулот за мерење брзина, без тој модул до 240кмч и има разлика во прецизноста на мерењето. Низ град на неколку места се додадени и брзински модули на камерите.
Некој правник да сподели мислење околу тоа дека казните стигаат на сопственик на возило и мора со изјави на нотар да се браниш ако друг го направил прекршокот? Зошто не би било изјава во ПС доволна?
Кажаа ли на сител, кај ландон итн дали воопшто ќе проверат дали лажеш кога ќе кажете дека друг возел или само изјавата ќе ја земат во предвид?
Кажаа ли дека ќе почнат фото/видео докази да испраќаат со записниците или ќе остане вака?