На 190 100 км направен втор редовен (мал) сервис откако е во моја сопственост колата, во овластениот за Фиат во Куманово, Велиновски:
Моторно масло 3 л Шел 5-40= 2250 ден
Филтер масло = 750 ден
Филтер за полен = 650 ден
Филтер за воздух = 750 ден
Работна рака = 0 ден
----------------------------------------------
Вкупно = 4400 ден
Изротирани гумите по принцип (напред - назад) после 10к изминати км и не ги дирам наредни 20к км.
Добив на поклон „летни патики“ Сава Интенса дот 2021 во моја димензија, со добра шара. Уште не знам што да правам, ако планирам да ги задржам би сакал да земам алуминиумски бандажи а целосезонските Гудрич да ги возам зимно време. Од друга страна, една од причините што земав целосезонски е да намалам со замарање два сета а и тие летни не се нови, до пролет ќе се знае.
Тоа што пишав пред некој месец дека ми се јавува чек енџин од време на време, како што ми покажа OBD-то од Тему, ми потврдија и во сервисот, Fuel Temperature Sensor A circuit (сензор за температура на гориво). Ми препорача, ако не ми се даваат 100 евра, да не го менувам затоа што реално не прави никаков проблем.
Не знам дали да барам половен сензор, ако налета нешто поволно, сега за сега не прави проблем.