Моето патешествие со мојот менувач беше вака:
Најпрво се запознав со тоа дека е проблематичен менувач и дека треба да се менува редовно масло.
Април 2023 заменив масло, сипав 2.3 литри масло 77лубрикант 75-85 кое го даде по спецификација на нивната страна (а 2.4 е по книга).
Во декември 2023 после изминати само 16 000 км од промената на маслото, буквално преку ноќ почна да ми бучи менувачот (отвори на јутуб M32 gearbox whining noise).
Мислев ајде да ставам масло по книга, отидов во Фас Вас, им напоменав Тутела Матрикс да стават и да досипат барем уште 300 мл.
Они ми ставија Тутела Текникс и само 2 литри ми ставија.
За неколку дена почна јако да бучи во 5та, особено во 6та брзина и веќе не ми се возеше.
Ставив друг половен менувач, си ставив Тутела Матрикс 75w-85 како што препорачува книгата, сипав 2.7 литри и еве 1 година и 4 месеци го возам, 22 000 км од тогаш поминати, засега да не урочам нема мака.
На превоите иако има сила и во 6та, најчесто го возам 5та, не ретко и 4та, го држам над 3000 вртежи.
Испод 2500 вртежи никако не му давам полн гас во 6та и 5та
Башка прогуглај за М32, сите негови маани и што све се препорачува, количина на масло и како да се вози (она што веќе ти го спомнав со забрзувањето во 5та и 6та, особено по угорници) и сам донеси си заклучок, бидејки сите по форуми препорачуваат барем 300 мл плус од количината по книга, а ти имаш помалку масло од она што е и по книга препорачано.
Мене искрено и темата на Симо со митото негово бидејки кај него ја фрлаше рачката во прва и петта наназад ми помогна да не ми увалат во Дерби Фиат таков менувач, првично ми ставија менувач што не бучеше, но во прва и петта брзина го фрлаше шалтерот наназад, иако пробаа да ме убедат дека демек сајла била некоја, велам овој менувач ако бучи и ако го фрла назад шалтерот не е исправен, ако немате исправен, вратете го мојот менувач назад.
А сервис Илија вака ми велеше, остај ја колата, ќе го расклопиме и мора точно да утврдиме од каде доаѓа звукот па ќе ти кажеме се прави, не се прави, колку ќе чини.
Само му посочив, 3 осовини, 6 вкупно лагери, колку кошта целиот сет лагери сосе работна рака ?
Виде дека имам некое познавање, само што му го посочив ова, 800 евра побара.