Пред некој ден да пуштам клима, немаше никаква реакција, воопшто не се вклучуваше компресорот. Лани работеше и ладеше ама малку чудно работеше, како на бранови да се вклучуваше компресорот, не обрнав многу внимание.
Бев на дијагностика во сервис ВАМ, немало капка фреон, ладникот за клима бил за менување а тоа што ми работела чудно климата (компресорот) е поради тоа што немало прва брзина на надворешната перка, туку системот набивал приттисок и отпосле се вклучувал компресорот, причина: резистор. Сакав таму да ја средам колата, ама немаше опција да се плаќа со картичка.
Сите проблеми ми беа потврдени и кај Цеко клима (Вебасто), воедно добив и второ мислење, добив и конкретна понуда, се комплет (нов ладник за клима, фреон, резистор за перка, работна рака) излегуваше 11.500 денари.
Вчера земена, сега лади како што треба и плус нормално работи компресорот, вклучува одма, лани ме нервираше ама ете не се заангажирав тогаш.
Се надевам нема да има изненадувања до наредниот редовен сервис
