Автор Тема: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks  (Прочитано 198 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2389
Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« на: 30 Јануари 2025, 11:14:30 am »
Како што е ред, да го претставам Пунтото на форумот. Од првичната идеја за бензинец, стигнав пак до дизел и тоа верзијата што на некој начин ја одбегнував (поради некои поскапи ставки за одржување - варијабилен сет и евентуалните проблеми со фамозниот менувач).

Сетот е нов или како нов, кумплунгот е пердув, нешто што ми фалеше во градската вожња во Скопје. На палење, гасење, тргнување нема никаква вибрација или било каков знак дека нешто не е во Менувачот мене ми делува ок, мада при тргнување знае минимално да се помрдне рачката од менувачот, ќе следиме, наредно би го сменил маслото во менувачот, секако треба да се смени.

Возењето е многу позабавно од атмосферците 1,2 и 1,4, како и од верзијата 1,3 мјет со 75 кс.

Колата е од CH CH, имаше сервисна книшка, километража 178.XXX км, внатре е топ сочувано, каросериски ми изгледаше исто така зачувано, доволно за одлука, без навлегување во микро детали и барање на мана, секогаш нешто ќе фали.

Намената е отприлика ваква, за градска 70%, меѓуградска 25% и надвор од границите 5%, плус сопругата сакам да почне да вози, па после одреден период ќе видиме дали ќе ни требаат и дали ќе функционираме со една или две коли, отом потом, да сме живи и здрави.

Направен мал сервис во овластениот за Фиат во Куманово, Велиновски:
Моторно масло 3 л Шел 5-40= 2250 ден
Филтер масло                      =   750 ден
Филтер за нафта                  = 1500 ден
Филтер за полен                  =   750 ден
Филтер за воздух                 =   750 ден
Работна рака                       =      0 ден
----------------------------------------------
                                Вкупно = 6000 ден

Проверен антифризот, ланчето не се слуша, во сервисната стои дека е менувано на 160.000 км, ама тоа дополнително ќе проверам, на француски е, чисто да се осигурам. Направени се и други проверки, подвозје, кочници, ми кажаа дека се е ок.

Колата дојде со солидни летни гуми (кинески) 2018/19 година, во димензија 185/60/15. Решив на оваа кола да ставам целосезонски гуми во фабричка димензија 185/65/15 BF Goodrich Advantage All season, малку да одморам од два сета, чување, промени 2 пати годишно, не се оди по планини, зима не се патува често, па ќе видиме. Летните ќе одат на продажба на пролет.

Земени одма гледринг патосници.

Не бев сигурен дали има ДПФ (се посомневав дека има поради некои ознаки во хомологација), ама од сервисот ми кажаа дека фабрички нема, едан главоболка помалку.

Колата има темпомат, не сум проверил како функционира, треба да изгуглам за да видам како се мести, не сум имал до сега.

Со колата поминав некои 900 км до сега, да чукнам во дрво сега за сега е ок, живи и здрави.

По некоја слика:





























Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5886
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #1 на: 30 Јануари 2025, 11:30:02 am »
Убава,со здравје да се вози 😊.
Чим има блу&ме сигурно има и добро аудио,темпомат и фали упте паркинг сензори 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4006
  • MadaFunker
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #2 на: денес во 14:56:13 »
Уште низ глава ми се врти количето :)
Со здравје да го возиш
New blood of old school