Автор Тема: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG  (Прочитано 5231 пати)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3254
Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« на: 05 Ноември 2023, 14:18:07 pm »
Како што гласи насловот, се подновив со Шкодилак.

Станува збор за Škoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG 150ks.

Ниво на опрема Style со следните спецификации:
8 x воздушни перничиња
3D навигациски систем COLUMBUS co 10" екран
Smart Link
Front Assist - радар за автоматско сопирање
Virtual Cockpit - дигитална инструментална табла
Aвтоматски тризонски клима уред - Climatronic
Системи за стабилност при возење - ABS, ASR, HBA, EBD, ESC, EDL, MKB
Lane Assist - систем за одржување на коловозна лента
Електронска паркинг сопирачка
Кеssy Аdvance систем за заклучување/отклучување без клуч
Светлосен асистент со сензор за дожд
Bluetooth телефонска конекција
Предни и задни паркинг сензори со камера за паркирање позади
Светла за магла
Висинско и лумбарно прилагодување на предните седишта
Start-Stop систем
Централно заклучување со далечинско
Martix LED предни светла со систем за миење и FULL LED задни светла
Хром пакет во ентериерот и надворешен хром пакет
Преден наслон за раце - Jumbo Box
Централен наслон за раце позади
Електрични стакла на сите врати
Електрични ретровизори со грејачи, самозатемнување и електично преклопување
Механички завеси на задните стакла
Асиметрично преклоплив наслон на задната клупа
Електрохидрауличен серво управувач подесив по висина и длабочина
Челично резервно тркало со алат
Текстилни патосници

Дополнителна опрема:

Загревање на дизните за прскање на предниот ветробран
Варијабилен под во багажникот
Предни акустични стакла со SUNSET - длабоко затемнети задно и задни странични стакла
Греење на предни седишта
Електрично греење на предното ветробранско стакло
Driving Mode Selection - систем за избирање на возачка програма
Мултифункционален трокрак спортски кожен управувач со греење (со педали за DSG модели)
Адаптивен темпомат до 210 km/h (со "follow to stop" функција за DSG)
Алуминиумски фелни - MENSA Aero - 7 х 17
Металик боја


Возилото е нарачано од МКМ Струмица, поздрав до @andrej_111 , кој не само што ме истрпе со променување на неколку конфигурации додека дојдеме до добитната, туку и успеа да го изведе скоро невозможното, а тоа е да стигне колата за неверојатно краток рок. Нарачката ја направивме на 23.08, а си ја земав во петокот на 03.11. Затоа ја користам приликава јавно да му се заблагодарам за експедитивноста и професионалноста. :D

До сега свртев околу 130км и секако дека ептен мерак ми прави. До сега највеќе ми направија мерак матриксот светла, прогледав навечер искрено, комбинациjата на адаптивниот темпомат со follow to stop функцијата во комбинација со front assist, за низ град е мерак невиден и опцијата во eco mode каде што го гаси моторот и лизга во некој си електричен режим на работа со брзина од 50кмч, во одредени услови нормално.

Сметам дека погрешив што од дополнителна опрема не го порачав Virtual pedal, ама ништо страшно, во следното возило ќе го има. :D

Еве некоја слика да не биде без ич, пепел се направи за 2 дена со времево. Утре на перење и поубави слики. :D






Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6552
  • French diamond
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #1 на: 05 Ноември 2023, 14:28:56 pm »
Си шпарал на боја за дополнителна опрема.  ::) Со здравје да се вози, да му биди достојна замена на туранот.
« Последно менување: 05 Ноември 2023, 14:35:58 pm n1kola »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3638
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #2 на: 05 Ноември 2023, 14:29:55 pm »
Со здравје да се вози. Одлична опрема и солидна моторизација. Најмалце колку Туранот да го извозиш без никакви проблеми.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #3 на: 05 Ноември 2023, 14:51:19 pm »
Со убаво да те служи !!!!

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #4 на: 05 Ноември 2023, 15:27:45 pm »
Ауу топ, кука има во опремата вклучена ? Со здравје да си ја товараш :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 211
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #5 на: 05 Ноември 2023, 15:35:58 pm »
so zdravje da se vozi mnogu licno kolice
e sega ne e tdi ama i vaka pravi kejf bitno e turbo ne kosilica atmo u sekoj slucaj toa e najbitno
mnogu bezgrizni kilometri

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8821
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #6 на: 05 Ноември 2023, 15:50:17 pm »
So zdravje da se vozi, se izvadi deka si zemal karavan inace neznam zoshto ic ne gi sakam novive oktavii

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6380
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #7 на: 05 Ноември 2023, 17:35:38 pm »
Одлично, со здравје да си ја возиш колата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #8 на: 05 Ноември 2023, 17:37:16 pm »
Многу добар избор на тип на каросерија и менувач. Бравос. Сигурен сум дека ќе си многу задоволен.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3131
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #9 на: 05 Ноември 2023, 17:38:04 pm »
Со здравје да се вози и многу безгрижни километри

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #10 на: 05 Ноември 2023, 17:53:12 pm »
Ох ох ох, честитки Томица, само безгрижни километри!

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #11 на: 05 Ноември 2023, 17:54:42 pm »
Создравје да се вози мн километри да си поминиш.
Имаме 2 исти вакви државни на работа само дизел, претходно имавме 2 од постарата генерација 2015-2016 не знам точно когја година. Минатата недела одевме ск многу многу не ме бендиса вожњата како многу мека пливаше на нерамнини вози 110 се осеќа како 150 да вози и баш праев со шоферите муабет велат постарата генерација мн поубај и во изолација и во стабилност велеа со постарите кај катланово по кривини со 160-170 не мрдаја со овие вели не пробваме ни е страв да не се превртиме  ::) и сервис ко му праеле од порше исто му рекле нешто е сменето подвозјето во новите и е почурук одколку на старите шкоди шо било.

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1634
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #12 на: 05 Ноември 2023, 18:06:08 pm »
Честитки уште еднашка само убавини да и видиш, комотно може под име на форумов шкода клуб да отвори класниот

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29263
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #13 на: 05 Ноември 2023, 18:33:03 pm »
Лепота! Честито, само убави сеќавања да си праите со неа, и на прекрасни места да ве однесе. :)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6383
  • Бенве сие бенве
Одг: Skoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG
« Одговори #14 на: 05 Ноември 2023, 18:42:15 pm »
Честито Томче. Сега уште шаоми да земеш и си го заебал и системот, Ендру Тејт да ти позавиди. Убава кола, ми се допаѓа, се надевам дека кога ќе излезе од гаранција за 2год ќе чипнеш да дојде на рамниште со туранот.


Sent from my iPhone using Tapatalk