Како што гласи насловот, се подновив со Шкодилак.
Станува збор за Škoda Octavia Combi Style 1.5 eTSI DSG 150ks.
Ниво на опрема Style со следните спецификации:
8 x воздушни перничиња
3D навигациски систем COLUMBUS co 10" екран
Smart Link
Front Assist - радар за автоматско сопирање
Virtual Cockpit - дигитална инструментална табла
Aвтоматски тризонски клима уред - Climatronic
Системи за стабилност при возење - ABS, ASR, HBA, EBD, ESC, EDL, MKB
Lane Assist - систем за одржување на коловозна лента
Електронска паркинг сопирачка
Кеssy Аdvance систем за заклучување/отклучување без клуч
Светлосен асистент со сензор за дожд
Bluetooth телефонска конекција
Предни и задни паркинг сензори со камера за паркирање позади
Светла за магла
Висинско и лумбарно прилагодување на предните седишта
Start-Stop систем
Централно заклучување со далечинско
Martix LED предни светла со систем за миење и FULL LED задни светла
Хром пакет во ентериерот и надворешен хром пакет
Преден наслон за раце - Jumbo Box
Централен наслон за раце позади
Електрични стакла на сите врати
Електрични ретровизори со грејачи, самозатемнување и електично преклопување
Механички завеси на задните стакла
Асиметрично преклоплив наслон на задната клупа
Електрохидрауличен серво управувач подесив по висина и длабочина
Челично резервно тркало со алат
Текстилни патосници
Дополнителна опрема:
Загревање на дизните за прскање на предниот ветробран
Варијабилен под во багажникот
Предни акустични стакла со SUNSET - длабоко затемнети задно и задни странични стакла
Греење на предни седишта
Електрично греење на предното ветробранско стакло
Driving Mode Selection - систем за избирање на возачка програма
Мултифункционален трокрак спортски кожен управувач со греење (со педали за DSG модели)
Адаптивен темпомат до 210 km/h (со "follow to stop" функција за DSG)
Алуминиумски фелни - MENSA Aero - 7 х 17
Металик боја
Возилото е нарачано од МКМ Струмица, поздрав до
@andrej_111 , кој не само што ме истрпе со променување на неколку конфигурации додека дојдеме до добитната, туку и успеа да го изведе скоро невозможното, а тоа е да стигне колата за неверојатно краток рок. Нарачката ја направивме на 23.08, а си ја земав во петокот на 03.11. Затоа ја користам приликава јавно да му се заблагодарам за експедитивноста и професионалноста.
До сега свртев околу 130км и секако дека ептен мерак ми прави. До сега највеќе ми направија мерак матриксот светла, прогледав навечер искрено, комбинациjата на адаптивниот темпомат со follow to stop функцијата во комбинација со front assist, за низ град е мерак невиден и опцијата во eco mode каде што го гаси моторот и лизга во некој си електричен режим на работа со брзина од 50кмч, во одредени услови нормално.
Сметам дека погрешив што од дополнителна опрема не го порачав Virtual pedal, ама ништо страшно, во следното возило ќе го има.
Еве некоја слика да не биде без ич, пепел се направи за 2 дена со времево. Утре на перење и поубави слики.