Автор Тема: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX  (Прочитано 4375 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« на: 29 Септември 2023, 12:51:14 pm »
На покана на Гранд Ауто (поранешно Ми-Да Гранд Моторс) бев во Белград да ги возам моделите на Chery кои ќе се нудат тука во Македонија. Колите се веќе пристигнати, во моментов со работи на нов објект/салон а во меѓувреме ќе се продаваат во постоечкиот објект на Гранд Ауто.

Возев три различни модели - Tiggo 7 Pro, Tiggo 8 Pro и FX.

Tiggo 7 Pro е конвенционален кросовер, идеално димензиониран за семејно возило.



Tiggo 8 Pro е поголем SUV со 7 седишта. Опремен со сите нишани.



FX е со димензии на Tiggo 7 Pro, со пофутуристички дизајн.



---

Сите користат ист 1.6-литарски турбо-бензинец со 176 коњски сили. Има опција за мануелен и автоматски менувач (од Getrag). На прв поглед се добро склопени и опремени. Дизајните им се прифатливи и ненаметливи.

Цените во моментов се формираат за нашиот пазар. Нема да бидат евтини-евтини, ама ќе бидат значително поевтини од европските, корејските и јапонските конкуренти.

Едит: Еве линк - https://www.carclub.mk/2023/10/02/vozevme-prv-kontakt-so-evropskoto-portfolio-na-chery/
« Последно менување: 02 Октомври 2023, 17:56:29 pm zeroSignal »

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #1 на: 29 Септември 2023, 13:05:14 pm »
Ги видов сите три во Србија. Пренатрупани со опрема, не ми оставија впечаток на квалитет. Некако правени по принципот - “тури нека има и тоа”.
Плус гумите им се Бетмен.




Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #2 на: 29 Септември 2023, 13:08:45 pm »
Atlas Batman A51, чудо од гума  ;D
Да се нашалиме малце, на изглед се добри возилата.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #3 на: 29 Септември 2023, 13:11:07 pm »
Појма неам, може си се добри гумите. Мене ми дојде смешно.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #4 на: 29 Септември 2023, 13:38:20 pm »
Скроз е смешно. :) Со Atlas Batman оди само Tiggo 7 Pro, FX е со Giti, Tiggo 8 Pro е со Cooper. Увозниците веќе реагирале и следната тура возила ќе биде со други гуми. Иначе гумите (колку што имав можност да ги пробам) и не беа лоши, ама не е релевантно возењето по стаза со ултра-грипи асфалт.

Пошто сум имал можност да возам повеќе кинески возила, сега за сега овие делуваат како да се меѓу најдобрите.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #5 на: 29 Септември 2023, 15:08:29 pm »
тој со 7 седишта требаше да биде Pro Max и да ја заокружиме приказната ;D

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #6 на: 29 Септември 2023, 15:32:29 pm »
Moze kolku sakate da se smeeme ama kinezive ke gi zdrobat evropskive proizvoditeli. Golemko parce od kolacot ke lapnat na baza na cenata

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #7 на: 29 Септември 2023, 16:18:23 pm »
Moze kolku sakate da se smeeme ama kinezive ke gi zdrobat evropskive proizvoditeli. Golemko parce od kolacot ke lapnat na baza na cenata

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk
Се согласувам целосно. Ќе биде интересно во иднина дали ќе им дозволат да продрат и во САД и Канада. Европа мислам дека ќе ја прегазат во следни 15-20 години, додека на северноамерички континент нема да им дадат влез или ќе им направат финти за да не се конкурентни со цена.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #8 на: 29 Септември 2023, 16:20:45 pm »
Ај баш да видиме, јас сум сигурен дека  никогаш нема да бидат пред никој европеец во Европа во продажба. Кој будала купува кинез, покрај милион други проверени коли.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #9 на: 29 Септември 2023, 17:17:34 pm »
Зошто да не бидат? Истото што се збореше на времето за „корејците“ сега се збори за „кинезите“ - а видовме до каде стигнаа Kia и Hyundai.

Во меѓувреме...

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #10 на: 29 Септември 2023, 17:55:36 pm »
Допрва му предстои иднината на кинезите, особено на сериозните брендови со свои дизајни и технологии.
Еве погледнете го BYD до каде стигна, 4-ти бренд во светот по продажба, пред Форд и други етаблирани производители.

Инаку за црешкава ќе треба убедување оти нема дизел нели, менталитетот наш малку е тежок за менување како со корејците што беше во 1999 па навака, ама па сега секоја трета нова кола е КИА/Хјундаи.

Објави цени ако имаш.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #11 на: 29 Септември 2023, 18:03:44 pm »
Немаше на промо вожњата некое „Аризо“? (леле со имињава се крш.......)


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #12 на: 29 Септември 2023, 18:38:43 pm »
Немаше на промо вожњата некое „Аризо“? (леле со имињава се крш.......)



Немаше, ама прашавме. Chery е во процес на европска хомологација на Arrizo (не знам точно која изведба) и чим ќе пројде тоа, ќе ја имаат и во регионов.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #13 на: 29 Септември 2023, 19:21:56 pm »
Se znae nesto koga kaj nas ke gi donesat BAIC.
Kandidat sum za Beiing X55

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Chery Tiggo 7 Pro, 8 Pro, FX
« Одговори #14 на: 29 Септември 2023, 20:48:21 pm »
Немам таква информација, ама најверојатно кога некој ќе се реши на чекорот. Не е лесно да се донесе нов бренд, особено кинески.