На покана на Гранд Ауто (поранешно Ми-Да Гранд Моторс) бев во Белград да ги возам моделите на Chery кои ќе се нудат тука во Македонија. Колите се веќе пристигнати, во моментов со работи на нов објект/салон а во меѓувреме ќе се продаваат во постоечкиот објект на Гранд Ауто.
Возев три различни модели - Tiggo 7 Pro, Tiggo 8 Pro и FX.
Tiggo 7 Pro е конвенционален кросовер, идеално димензиониран за семејно возило.
Tiggo 8 Pro е поголем SUV со 7 седишта. Опремен со сите нишани.
FX е со димензии на Tiggo 7 Pro, со пофутуристички дизајн.
---
Сите користат ист 1.6-литарски турбо-бензинец со 176 коњски сили. Има опција за мануелен и автоматски менувач (од Getrag). На прв поглед се добро склопени и опремени. Дизајните им се прифатливи и ненаметливи.
Цените во моментов се формираат за нашиот пазар. Нема да бидат евтини-евтини, ама ќе бидат значително поевтини од европските, корејските и јапонските конкуренти.
Едит: Еве линк -
https://www.carclub.mk/2023/10/02/vozevme-prv-kontakt-so-evropskoto-portfolio-na-chery/