Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 60379 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #420 на: 12 Јули 2023, 06:48:12 am »
Ќе надохнади со повеќе пари останати в џеб на крајот на месецот, реално голема е разликата да возиш на бензин и плин кај нас. Гледам по татко  ми, пешки до продавница не оди со плинот  ;D
Пак истата шашма, тоа како вродено во македонската популација, секогаш газето да се заштити, било во опасност или не ;D

Реков челични нерви!
Не дека не било исплатливо, но ако нема нерви и тргне во лов на Греминот кој обично вешто се крие, добар дел од заштедата ќе отиде во туѓ џеб :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #421 на: 12 Јули 2023, 09:58:27 am »
Мајсторот дијагностицира скината мембрана на расплињача, но ќе се сервисира кога ќе се вратам од одмор. Му верувам на мајсторот бидејќи по слух прв дијагностицира дека претходниот мотор работи на три клипа, а колата беше кај 6 мајстори кои се врвни мајстори за ремонт на мотори. Доста е фалење на мајсторот. Цената на мембраната била 3000-3500 денари најевтината оригинална за Ловато, не турска.
Едит: Слушнав од пријател дека после промена на мембрана и чистење на расплињача би добил подобар одзив на гас и помала потрошувачка. Дали е можно бидејќи ги имам двете работи моментално(имам предобар одзив на гас и ниска потрошувачка).
« Последно менување: 12 Јули 2023, 12:55:29 pm nestor04 »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #422 на: 24 Јули 2023, 20:33:53 pm »
24.07.2023:
135490км
Променета цилиндер брава за палење.
Малку незадоволен од мајсторот бидејќи при гаснење на колата кога клучот е свртен на "нулта" позиција радиото останува да свири(мал контакт) сѐ додека комплетно не го извадам клучот од бравата(тогаш федерот турка и го прекинува контактот за радиото).
Според мајсторот и колегата кој има растурено корса и зафира такс треба да работи.
Трошоци:
 1100 ден цилиндер
+ 600 ден работна рака со прередување на бравата за да може со истиот клуч да пали колата.
Вкупно: 1700 ден.
« Последно менување: 24 Јули 2023, 20:40:50 pm nestor04 »

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #423 на: 24 Јули 2023, 20:54:10 pm »
24.07.2023:
135490км
Променета цилиндер брава за палење.
Малку незадоволен од мајсторот бидејќи при гаснење на колата кога клучот е свртен на "нулта" позиција радиото останува да свири(мал контакт) сѐ додека комплетно не го извадам клучот од бравата(тогаш федерот турка и го прекинува контактот за радиото).
Според мајсторот и колегата кој има растурено корса и зафира такс треба да работи.
Трошоци:
 1100 ден цилиндер
+ 600 ден работна рака со прередување на бравата за да може со истиот клуч да пали колата.
Вкупно: 1700 ден.
Исто е и на Корса Д, штом штракне федерчето се гаси радиото и мислам дека така треба да биде.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7827
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #424 на: 24 Јули 2023, 23:50:02 pm »
И кај мене е така на меривата.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #425 на: 25 Јули 2023, 13:58:57 pm »
25.07.2023:
135525км

Комплет ремонт на расплињача, воедно и комплетно исчистена расплињача внатрешно и надворешно и залепено цревото за воздух од страна на плинарот.
Се осеќа многу подобро забрзување и нема затресување на воланот во лер.
Трошоци:
3500 ден. комплет со работна рака.
Слики:


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #426 на: 26 Јули 2023, 12:09:12 pm »
Денес ја возев на отворено, доста подобри забрзувања има од 80-120 во 5та(не мерев со штоперица), но потрошувачката на отворено малку се зголеми. Не знам дали да одам кај плинарот за "ситница" или да повозам малку градска па да видам како ќе биде. Очекував намалување на потрошувачката, особено градска бидејќи мембраната беше оштетена и пушташе повеќе плин отколку што е потребно.

Потрошувачка после сервис на расплињача:
Отворено 90 км ±10км градска (Прилеп-Битола-Прилеп)



Потрошувачка пред сервис на расплињача:
Вчера полнев плин до исклучување(пумпата покажа error и престана да полни), не знам дали се наполни до врв резервоарот за плин.
Изминати 230км отворено(Прилеп-Охрид-Прилеп) и ±80км градска
Не очекував толку ниска потрошувачка бидејќи има над 25% градска и ми троши над 12л.


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #427 на: 27 Јули 2023, 08:51:50 am »
По мене, ако не си ја газел многу, најреално би било потрошувачката да се движи околу 8 максимум
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #428 на: 27 Јули 2023, 08:53:32 am »
Најниска до Охрид била 5.96 ако добро се сеќавам, а стандард е 7.0-7.2 отворено и 11-12.5 градска(ако ја "цедам" до 4000 вртежи).
На сликата погоре(пред сервис на расплињача) е доста газена накај Ѓавато и другите угорници, над 100 км/ч. го возев Ѓавато и сѐ што ми беше пред очи претицував бидејќи бев сам и ми беше жешко.
Денес пак ќе возам 100тина км отворено па ќе полнам плин.
« Последно менување: 27 Јули 2023, 08:58:44 am nestor04 »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #429 на: 27 Јули 2023, 11:09:51 am »
Рекорд градска.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #430 на: 27 Јули 2023, 13:18:47 pm »
Се извинувам за дабл-пост.
Најверојатно мерењето со дополнување не е веродостојно.
Прилеп-Битола-Прилеп со два испади (еднаш 20-120 км/ч. и подолго време возење зад камион со 4та на високи вртежи со цел да го претицам), а останатиот дел возено колку што е можно повеќе со брзина од 90 км/ч.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #431 на: 27 Јули 2023, 14:08:46 pm »
Премали ти се поминатите километражи за да ти се релевантни пресметките. На 100км доволно е еден мал ветар во лице кој нема ни да го осетиш за да ти потроши 2 литра повеќе.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #432 на: 27 Јули 2023, 14:16:25 pm »
Плинарот ме посоветува цела боца плин да ја потрошам, да наполнам 10л. и да видам колку км ќе поминам со нив.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1836
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #433 на: 27 Јули 2023, 14:27:33 pm »
не и се замарај колку троши полни ја и гас само

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #434 на: 10 Септември 2023, 15:21:20 pm »
Наредна инвестиција на астрава планирам да биде ауспухот (наредниот викенд најверојатно), потоа фолии на стакла (кој процент би стоел најдобро?), гумени патосници (Гледринг), фарбање или лепење карбон на централнава конзола и на крај полирање(се разбира кај Дарко).
Може да давате предлози кој процент на фолии на стакла да го изберам и дали да бидат Xpel.
И во каква боја да ја фарбам централнава конзола, дали црна мат или металик како на бертоне или во краен случај да ми залепат карбон фолија?
Еве сликче: