Пишав горе. Имам пишано и во други теми.
Без разлика, еве пак ќе напишам.
Имав проблем со префрлањето на ладно време под саух. Кога ќе префрлеше поради високата туража и нели поголемата количина потребна на гориво при повисоки вртежи колата при префлање на плин гаснеше.
Вториот проблем беше кога возам пред семафор враќам од трета во втора и си ја држам втора полека до семафор на 1000-1200 вртежи, притискам кумплунг вртежите паѓаат на 500, колата тресе, па ги враќа на 1000 и ги спушта на 780.
Решени двата проблеми бесплатно софтверски. Ми стави и најнов софтвер за мојот плински уред, изврши додатна калибрација, а гледам дека и мерачот почна точно да ми покажува (ќе видам со тек на време).