Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 51647 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29512
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #405 на: 09 Јули 2023, 14:20:45 pm »
Навика е. Кога размислував да го спуштам Голфот, баш со Бушав праев муабет и тераше некако вака

- Абе знаеш, ќе треба да пазам на дупки.
- Е де, а сега не пазиш?

И ме убеди. И не се покајав ниту еднаш.

Последно нешто што треба да се направи на кола е спуштање. Во моментов возам ниска кола и нема полошо нешто. Бенифитите што ги добиваш се многу помалку од она што го губиш.

Колата што ја возиш е фабрички ниска, или накнадно спуштана? Ако е фабрички ниска, муабетот ти нема везе, така замислиле инженерите да биде во stock конфигурација. Ако е накнадно спуштана, пак нема везе - врати ја во фабричка состојба и терај.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6626
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #406 на: 09 Јули 2023, 19:32:17 pm »
Напорно е да се вози спуштена кола со ниско профилни гуми во северната дупка… Ама за убавина се трпи, не е проблем.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2655
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #407 на: 09 Јули 2023, 23:50:51 pm »
Навика е. Кога размислував да го спуштам Голфот, баш со Бушав праев муабет и тераше некако вака

- Абе знаеш, ќе треба да пазам на дупки.
- Е де, а сега не пазиш?

И ме убеди. И не се покајав ниту еднаш.

Последно нешто што треба да се направи на кола е спуштање. Во моментов возам ниска кола и нема полошо нешто. Бенифитите што ги добиваш се многу помалку од она што го губиш.

Колата што ја возиш е фабрички ниска, или накнадно спуштана? Ако е фабрички ниска, муабетот ти нема везе, така замислиле инженерите да биде во stock конфигурација. Ако е накнадно спуштана, пак нема везе - врати ја во фабричка состојба и терај.

Фабрички е ниска. Дополнително гумата е профил 40ка и ич не е добро за лошите патишта што ги имаме. Ground Clearance:   4.9 in (124 mm) еве колку е по фабричка спецификација сега изгуглав.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5367
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #408 на: 09 Јули 2023, 23:58:00 pm »
Потполно ист ground clearance како претходната кола која фаќаше на сѐ. Астрата по спецификација е 130мм, но не знам какви амортизери и спирали има, знам само дека се нови и под гаранција.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 759
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #409 на: 10 Јули 2023, 08:39:05 am »
Потполно ист ground clearance како претходната кола која фаќаше на сѐ. Астрата по спецификација е 130мм, но не знам какви амортизери и спирали има, знам само дека се нови и под гаранција.

Меганот мој има фабрички ground clearance од 120мм и досеа нема одоздола фатено на ништо. :)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5367
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #410 на: 11 Јули 2023, 16:15:16 pm »
Мал апдејт
*Слики за жал немам*
Среден проблемот со палењето предизвикано од жежок ентериер (не хауба). Бев кај локален автоелектричар бидејќи не бев во состојба да расклопувам сам, ми рече дека ако на топло не палела ширеле хилзните и треба ремонт, бла бла... Најверојатно не ме разбра, колата беше оставена со хаубата под сенка, а ентериерот на сонце и пак не палеше, односно не верглаше.
Наредниот ден се запнавме со колегата и ја расклопивме бравата, се разлетаа федери на сите страни. Ги најдовме, исчистивме валкани контакти(масни), склопивме и сега си пали перфектно кога е топло надвор. Најверојатно е решен проблемот со free fix.
Утре колата оди на плинар, имам проблем кога е оставена на сонце и под саух, тргнувам полека околу 300 метри, ја шалтам втора на 2000 вртежи, префрла на плин, стискам кумплунг, паѓаат вртежите на 0 и гасне. Потоа пали на прва и вози(нема разлика во снага бензин/плин). Му објаснив на плинарот но не знае дали ќе открие бидејќи тоа се случува многу ретко(еднаш месечно). По форуми читав дека температурата за префрлање на плин е ниска, кај мене мислам дека е на 30°C и префрла многу брзо кога колата е стоена на сонце. Утре повеќе детали.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7705
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #411 на: 11 Јули 2023, 20:10:27 pm »
Кај мене е наместена на 40 а според обд префрла на 42-3 степени, така да можеби е ниско кај тебе на 30 ама мислам дека не ти е тоа проблемот. Имам колеги на работа што ја палат директно на плин па не им гасне. Размисли, нешто друго е сигурно.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5367
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #412 на: 11 Јули 2023, 21:30:10 pm »
На дијагностика е се во ред. На бензин така не прави, туку само кога префрла на плин и тоа еднаш месечно. Степ моторот е од новиот мотор и е чистен, саухот го држи добро на 1500 вртежи, а во лер е на 775 и нема осцилации. Од страна на мотор е сѐ сервисирано, топло-ладно на пола клуч пали, прима како луда и на плин. Исто така плинот е сервисиран комплетно пред 7000км и мало-голем  ;D сервис правев пред околу 2000км.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5352
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #413 на: 11 Јули 2023, 21:58:38 pm »
Маф сензорот кога е дефектен знае да заебава кога префрла од бензин на плин,  провери го него.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5367
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #414 на: 11 Јули 2023, 22:05:12 pm »
Баш пред некој ден го проверував тоа, во лер air/fuel ratio е 14.6 што е перфектно. Најпрво тоа проверувам на дефектен маф сензор.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7705
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #415 на: 11 Јули 2023, 22:09:01 pm »
Уффф тешко е да се дијагностицира што е, проблем што се појавува еднаш месечно. Јас две години мака мачев со сензорот на радилица се додека не цркна скроз и дури тогаш појави грешка. Симптомите беа 1000 пати ќе запали од прва 1001иот нема да запали од прва, ќе запали од втора или трета. По мајстори кога одев еден викаше пумпа е 100% друг дизни 100% ама никој не спомна сензор на радилица. Среќа што не менував делови како што викаа мајсторите.

Друга работа што ми текна може би те зеза осигурачот за плинот. Имав сличен проблем како твојот со пунтото, само кај мене некогаш не сакаше да префрли на плин или коа ке префрлеше гаснеше одма. Па ќе ја запалев на бензин и после ќе си префрлеше на плин без проблем. Испадна дека е осигурач за плинот што е ставен накнадно (монопоинт беше плинот) не беше цркнат скроз туку само поткината жичката и коа ке допре си работи како што треба ама од вибрации на моторот се изместувала и тоа во долниот дел на осигурачот кај пипците а не кај делот што се гледа жичката.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5367
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #416 на: 11 Јули 2023, 22:11:01 pm »
Уффф тешко е да се дијагностицира што е, проблем што се појавува еднаш месечно.
Тоа и мене ме мачи.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #417 на: 12 Јули 2023, 00:39:56 am »
Кога кажував дека треба да се имаат челични нерви да се вози кола на плин...

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6724
  • French diamond
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #418 на: 12 Јули 2023, 01:08:19 am »
Ќе надохнади со повеќе пари останати в џеб на крајот на месецот, реално голема е разликата да возиш на бензин и плин кај нас. Гледам по татко  ми, пешки до продавница не оди со плинот  ;D

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5367
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #419 на: 12 Јули 2023, 04:29:25 am »
Прилеп-Битола-Прилеп 250 денари.
Прилеп-Охрид-Прилеп 600 денари.
Приеп-Скопје-Прилеп 760 денари гориво + патарини.
Моментално разликата е околу 50%.
Годишно комбинирано доколку возма на бензин би дал 45600 ден бензин, истата километража на плин би ме коштала 22230 ден. Сметано на 6000км со потрошувачка од 9.5л/просек бидејќи возам 80% градска, можеби и повеќе.
Мала разлика, но за тие километри ми е во ред да го исплатам скапото масло  ;D