Ветено-исполнето.
21.09.2023:Променет антифриз и направен flush со мноогу вода која не е сликана.
Објаснување на процесот:
1. Испуштање на антифризот.
Опционално - пиење кафе во локален кафич додека чекаме да истече.
2. Полнење на дестилирана вода и Mannol 9965 Radiator Flush.
3. Работа на моторот во место додека три пати не уклучи вентилаторот.
4. Испуштање на течноста.
5. Пуштање чиста вода на изгаснет мотор од казанче до хладњак.
6. Повторно дотурање вода во казанчето со затворен чеп од хладњак.
7. Чекање моторот да загрее и да уклучи вентилаторот три пати и испуштање на течноста.
8. Дотурање 3-3.2л антифриз Mannol 4112 AF12+, повторно работа во место и чекање да го повлече антифризот (да падне нивото).
9. Дотурање остаток дестилирана вода (не се сеќавам точно).
Меѓу сите процеси кои ги опишав беше уклучено парното на прва или втора брзина на топло.
Чекам да излади малку и да го проверам нивото. Моментално имам парно кое дува премногу жешко.
Бојата на антифризот беше малку променета, но немаше ѓубре во него, можеби е до антифризот (Wurth G12+ од Лукоил), имавте пишувано во другите теми дека ја менувал бојата, кај некого станал проѕирен, а кај некого станал р'ѓа боја.
Трошоци:- Mannol 9965 Radiator Flush 300 ден.
- Антифриз Mannol 4112 AF12+ 4L 1120 ден.
- Дестилирана вода Макпетрол 9L 240 ден.
Вкупно - 1660 ден и 2ч и 30 минути работа (можеби тука имаше 30 или повеќе минути потрошени во кафич)
Пред да го завршам постот со слика голема благодарност до
@EdnoDete84 за завршената работа и потрошеното време за мене
И за крај една слика, да не биди само текст:
*Ѓубрето кое е паднато во антифризот е од дрво, не е од колата*