Автор Тема: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX  (Прочитано 43723 пати)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1006
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #60 на: 10 Јули 2021, 00:09:10 am »
Катастрофаа, умре времето кога мајсторите се замараја нешто да поправат а не како сега зинати само за пари и само нови делови да менуваат

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9208
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #61 на: 10 Јули 2021, 08:13:52 am »
Ако би го сменал само затегачот, после колку време би менувал ланец ?

Да не испадне сега затегач па за брзо време и ланец да дојде да се менува.


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8808
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #62 на: 10 Јули 2021, 10:26:34 am »
Jas stvarno neznam so ne smenish se komplet, 300 komplikacii. Ova vaka se prai ako planirash da ja prodavash a ti samo so ja kupi.

Smeni se komplet i gotovo ne mu ja misli.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10124
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #63 на: 10 Јули 2021, 11:22:03 am »
Ако добро прочитав си купил затегач кој одел во комплет со ланчето, па смени комплет и не се крсти дали ќе издржи до 190.000км како што си пишал.

Или терај така уште неколку илјади дур се стокмиш со финансии, не верувам дека е до толку алармантно тропкањето што го имаш опишано.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #64 на: 10 Јули 2021, 11:26:35 am »
Тропкање има додека крене притисок маслото зошто затегачот работи на тој притисок.

Имено ако возиш на отворено со млаку ладни палења не гледам зошто да се замараш.

За во град секако со скутер се вози.

Види размисли и расчитај, дали воопшто да менуваш. Зошто на помал притисок и нов ланец ќе тропа. Ако не е дефектен стариот минимален ќе е ефектот.

И секако прашај во Олимпија Моторс, они имаа и неколку од Астриве со сменет комплет ги даваа.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10124
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #65 на: 10 Јули 2021, 11:33:35 am »
И секогаш во даден момент ќе регистрираш некој звук кој ќе те заинтригира, па ќе се фокусираш на него, и спиралата на загриженост и несигурност расте...

Така некни по улицата од кај Бриколаж кон кванташки ми привлече внимание некој повремен звук по асфалтот, веднаш филмови со олабавени шрафови, поебани лагери, нешто со гумите ли, итн, а не ја возам првпат таа улица.
Ма батали, си реков, најверојатно не сум заприметувал, башка усвитен асфалтот...

Опушти се и вози :)
« Последно менување: 10 Јули 2021, 11:39:14 am Mikius »

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #66 на: 10 Јули 2021, 13:06:06 pm »
И секогаш во даден момент ќе регистрираш некој звук кој ќе те заинтригира, па ќе се фокусираш на него, и спиралата на загриженост и несигурност расте...

Така некни по улицата од кај Бриколаж кон кванташки ми привлече внимание некој повремен звук по асфалтот, веднаш филмови со олабавени шрафови, поебани лагери, нешто со гумите ли, итн, а не ја возам првпат таа улица.
Ма батали, си реков, најверојатно не сум заприметувал, башка усвитен асфалтот...

Опушти се и вози :)
Сега, секогаш и во вечни векови, АМИН!

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #67 на: 10 Јули 2021, 16:43:29 pm »
@Rakun4e колку што успеав да дознаам на околу 200 000км.

@MarceCvarce ќе објаснам уште еднаш подоле зошто несакам све да сменам малку темата отиде во друг правец.

@Mikius Не. Купив Дихтун на поклопец, затегач, дихтонче за затегачот. Ми фали само силикон со кој што би го залепил капачето од ланчето. Немам ланец.

@Deni мојата се погоди без сменет ланец. Таа што ја продадоа со кремаст ентериер пред јас да ја земам оваа имаше сменет сет.


Вака морам малку да се навратам на моабетот зошто мислам дека се утна поентата.

Јас ова го правам превентивно за да не дојде до оштетување на ланецот.

Дени го дообјасни тоа што јас го имам како проблем да речеме. Ланецот се слуша дур не се створи притисок на палење во затегачот само после возење тргни застани во град, доколку колата е возена комбинирано или  отворено да речеме на следно палење не се слуша ништо. Поентата мие во тие 2-3 секунди на палење кога ќе собереш месечно неколку пати ако се случува ќе станат минути па страв мие да не се олабави ланчето полека полека. Затоа поубаво да го спречам со време.

Оваа процедура јас не сум ја измислил наидов на многу вакви примери каде што менуваат затегач на ланец кој тропал многу (таму веќе затегачот откажал скорз) и после извозиле 30-40 000км без проблем.
Втора работа проблемот е анализиран од Опел и направиле дихтонче за затегачот што го насочува уљето по дирекно да навлегува во затегачот, па така и притисокот ќе биде поголем уште од палење. Се надевам дека ова ќе функционира и ќе биде по долгорочно решение.



еве го и тоа дихтонче го имам и него.

Проблемот во ситуацијава не е колата туку тоа  што никој несака да го смени делов а ме нервира фактот што за 5-6 год од сега кога овие мотори ќе бидат многу по застапени кај нас ова ќе стане рутина. А сега дури мислам дека кога ќе пробам нешто да им објаснам што сакам да се направи дури имам чуство како да се увредуваат мајсториве демек ако знаеш што треба сам напрај си го. И друга работа е што наместо да работи на ова 3-4 саати ќе смени дискови на некој и уље за пола време ќе земе скоро исти пари.

Значи момци пробувам нешто да спречам превентивно да ги снена и тие неколку секунди гребење некогаш. Затоа не ми се растура све уште сега.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #68 на: 10 Јули 2021, 16:51:34 pm »
1. Дали сакаш да смениш ствари или слично без вадење мотор?
2. Зошто мислиш дека може?
3. Дали би се нафатил да менуваш сам?
4. Неможат ли во Олимпиа да средат кога и онака имаат менувано?
Итн...

Во тек сум зошто и јас гледав истово пред пола година. Јас колку што открив, барем последно тогаш, беше дека треба да се смени комплетот, ама тоа не е гаранвија дека нема да биде исто, или набрзо 30-40к да стане исто.

Проблемот е и во растегнување на ланецот, кој што смислиле да е единечен, наместо дупли, и нема бегање од растегнувањето.

Самиот дизајн е таков. Да, може да се помогне, ама нема гаранција.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #69 на: 12 Јули 2021, 16:25:07 pm »
1. Дефинитивно сакам без вадење мотор хахаха односно само за затегач нема никаква поента да вадиш мотор.

2. Сигурно може зошто веќе луѓе го менуваат и наидов на примери кога истражував. Еве најблиску во србија наидов на повеќе примери дури сите пишаа работна рака 50 до 60 евра и делот е исто околу 50 евра како и кај нас.

3. Не ми остана друг избор освен да менувам сам а пре би некој што разбира повеќе од мене да го смени но немам намера да молам никој полека ќе се снајдам.

4. За во олимпија прашав кај нив не постои опција менување само затегач мора цел сет. Но кога збориме за овластен сервис и логично да е така нели.

По моето инфо јас што го добив од кои повеќето се од англиа (таму доста се вози овој 1.6 cdti евтин им е за регистрација еколошки такси итн) точно тоа се случувало во првите 2 години од кога излегол моделов. Не сакале на сите дур не морале да им заменат цел сет под гаранција зошто нели голем трошок. Па по упорните добиле нов сет но некои имале ист проблем како што кажа многу брзо. И сега морале да направат некој Fix за ова за да не ги кошта нели. По некој анализи што ги направиле инжињерите испаднало дека не олабавувал ланецот сам од себе туку олабавувал затегачот па се оштетувал ланецот.

Од 2018 год навака мн по ретко го имаат овој проблем демек затегачите биле преработени но не сум сигурен за тоа но дефинитивно дихтончето игра улога во ситуацијава.

Е сега што е интересново во ситуацијава за споредба со олимпија кај нас. Одкако го смислиле овој Fix кога ќе однел некој кола која е под гаранција со ланец кој гребе на палење биле
„да запознаени сме со проблемот имаме решение за ова ќе смениме затегач и ставаме дополнително дихтон нема да има проблем“ (секако на начин кој јас сакам да го изведам кај мене без вадење мотор)
но кога ќе отидел некој кој колата веќе не му е под гаранција или не ги направил сите сервиси во овластен а сакал да се додаде само тоа дихтонче бил одбиен под изговор дека не може така и мора да се менува цел сет 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #70 на: 12 Јули 2021, 16:30:12 pm »
Аааа штом имало примери за 50-60еур... Ич. Мајка Србија, вакцинирање, затегач, мекдоналдс, кајмак и дома.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #71 на: 12 Јули 2021, 21:08:56 pm »
Аааа штом имало примери за 50-60еур... Ич. Мајка Србија, вакцинирање, затегач, мекдоналдс, кајмак и дома.
Лајк!

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3123
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #72 на: 12 Јули 2021, 21:41:55 pm »
А да видиш ти кај Ванчо што работи само опел ,дечкото е спремен и се наоѓа кај патот за микеи камник

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #73 на: 30 Јули 2021, 23:54:51 pm »
На 124 250км астрата си доби нов затегач.

Огромен залак за мене до сега само летен со зимски сет гуми на кола имам сменето. Од прилика 25 саати траеше цела процедура.
Почнав сам да растурам па при крај дојде другар се понуди да помогне и со него доизвадивме и склопивме назад све заедно. Планирав да го сликнам цел процес убаво но уз работа заборавив. Работава одзема многу време немам гаража првите 3~4 дена врнеше после жешко работевме навечер...



делот што стои десно од моторот egr cooler е најпроблематичен за вадење (на сликава е веќе изваден) има црево позади и штрав кој никако не се гледа со око се чудевме што држи. Па барав половен дел на нет да видам каде има штрафови.


на оваа слика е стариот затегач. Многу ме интересираше дали има дихтонче на него го немаше. Зборам за тоа што го сликав неколку поста пред овој.



а еве го и новиот



Незнам кој ѓавол ме натера да отидам пак во продавницата кај мене да побарам силикон иако реков не одам веќе таму зошто во неколку наврати кога сум прашувал за некој делови ми се нуделе само најевтините, доколку побарам нешто по квалитетно одма ти само пари сакаш да фрлаш незнам што...
Им покажав со слики каде точно треба дасе стави силиконот треба да трпи топлина уље дека е многу комплицирано да го мењам ако протече и секако еве ти ова е за тоа земај не барај. 300 ден ми падна сумливо член на форумов ми пиша зборевме дека силиконите за оваа намена се поскапи. Но пак после истиот моабет дека само сакам да фрлам пари за колите дека тој силикон е добар и баш за таа намена да не се замарам некако ме убедиа го земав и ставив на кола.



После 35+ саати сушење ја запаливме за 15 мин протече уље. Мислам коса ми побеле. За среќа другаров по стабилен е вика све направивме ко што треба растурај све да видиме кај е грешката. 10 саати ни требаше првиот пат да извадиме све зошто незнаевме што правиме сега ја растуривме за 30мин на загреан мотор. Силиконот се направил вода....

Следниот ден во автокоманда да барам локтајд но да биде се поинтересно имаше само 500грамски останато и беа скоро 8 000ден. Побарав уште на неколку места немаше. Вурт не работеа сабота па во аеродром во едно продавниче за авто делови отидов по препорака стварно дечките топ ме сослушаа имаа на вурт таков силикон кој веќе го продавале и немало проблем баш за таа намена.



Овој пат за враќање ни требаа околу 3 саати. Извадивме помалку делови и знаевме што всушност правиме за разлика од првиот пат.



Тука е скоро све вратено.

После 48 саати одкако беше нанесен силиконот (иако ми рекоа 24 се доволни) ја запаливме пак работи одлично. Сијалички на шалтабла за среќа немаше ниште иако очекував зошто се вадат и неколку џекови.

До сега имам поминато нешто над 500км од зафатов. Не го слушнав ланчето ни еднаш на палење, а доста по смирена е на палење и гасење.
Иако за мене доста комплицирана работа и ми одзема околу 2 недели време чуството е многу убаво зошто сам сум ја завршил работата, во случајов не бев баш сам но се разбираме нели  ;D

Следно во план мие да сменам уље иако има поминато само 2 500км но доста време беше изваден капакот на моторот чистев силикон на капакот од ланецот па за секој случај да не има прашина ѓубре да бидам раат.

Кога го земав силиконот баш прашав што ставааат за опели ми препорачаа Тотал но гледам доста ставаат Кастрол. Јас некако сум повеќе за Кастрол и не е голема разликата во пари.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5978
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #74 на: 31 Јули 2021, 00:05:03 am »
Секоја чест.