Автор Тема: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX  (Прочитано 53352 пати)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #45 на: 17 Јуни 2021, 09:04:43 am »
@Knight_ И кај тебе ли тропа ланчето на палење додека го крене уљето горе?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #46 на: 17 Јуни 2021, 09:19:05 am »
Уљето го крева за неколку секунди.

Подизачите тропаат, не ланчето.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #47 на: 18 Јуни 2021, 13:16:13 pm »
@Knight_ И кај тебе ли тропа ланчето на палење додека го крене уљето горе?

За проблемот со ланчето што го имат овие мотори очи ми истекоа од барање по нет што е како е. Прво мислев дека се десило на 20~30% па се збори ама се случува на сите буквално.

Од толку многу истражување тоа што сватив е дека има два проблеми:

1. Затегач на ланец.
-тие што ги возеле колите на долги релции/отворен пат скоро и да немале проблем до кај 100.000км а тие што ги возат претежно градска тргни застани се случува и на 40 000км да откаже затегачот и ланецот останува лабав. Требало повеќе време да се открие ова па после и во овластен на тие под гаранција им менувале само затегач не цел сет како претходно.
Наидов на многу примери кај што смениле затегач па во наредните 20~30 000км немале проблем.

2. Клизачите по кој што лизга ланецот понекогаш се кршат е тогаш не престанува да тропа

Јас дознав за проблемов уште пред да ја земам колата и планирав во прва прилика дека ќе го сменам.

Кај мене сеуште не тропа но ми се случи 2~4 пати после возење во гужви на следно палење да го слушнам ланецот да гребе неколку секунди но со малку давање на гас да крене обртаи и се смирува. Како што реков мојата предпоставка од тоа што читав е дека затегачот на некој начин "затајува" после возење тргни застани.

Неможам да кажам дека ова е 100% точно ова е само мое сваќање. Ќе видиме како ќе биде одкако ќе го сменам деновиве. Се надевм ќе биде во ред до кај 190.000 кога ќе треба да се смени цел сет.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #48 на: 21 Јуни 2021, 22:57:00 pm »
Фалеле капаците на средните светла па кога приметив нарачав од кај али.
Овие се 3цм подолги од фабричките за во случај да ставам лед има повеќе воздух демек да не загревала сијалицата.





Иначе луѓево до сега кај што сум одел за сервис не се нафаќаат да го сменат затегачот и изгледа така ќе ми стои во фиока...

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #49 на: 21 Јуни 2021, 23:41:18 pm »
De bre, drug majstor nema li nekoj 😂

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #50 на: 08 Јули 2021, 00:33:11 am »
De bre, drug majstor nema li nekoj 😂

Епа еве ако мислиш дека има мајстор побарај на форумов имаше некоја тема каде некој прашуваше каде да носи астра H на сервис. Повеќето негативни искуства од сервисите никој неможе да ти препорача асолен човек прво па после да биде мајстор.

За моите минати катастрофални искуства да не се навраќам сум спомнал дел на форумов...

И секако патешествието не завршува лесно.
Прво отидов кај другарот што чепка после работа се разбира нешто и сигурен сум дека можеме да го смениме затегачот заедно. "Барај ме од понеделник" го барам од понеделник "знаеш не ми се чепка сам ќе идеме кај Васе со него ќе смениме барајме утре" го барам ја пак утре и викам се договори ли со Васе и дај прашај за сигурно да не биде неможе ни он, "ќе може се договоривме ама у гужва е при крај на следна недела". Помина и таа следна недела и дојде таа после неа и наеднаш сеа неможеме барај си друг...

Ајде отидов кај дечките што го носев мерцедесот не де нафаќаат и тие ама ај бар тие мерцедес си работат ги разбирам.

Одам кај друг ај бар одма бев одбиен.

Одам кај друг по препорака му викам ако неможеш бар кажи да не те чекам 2 недели и на крај ништо. Не бе уживај 5 ~6 дена максимум ќе средиме. Му се јавувам на договорениот ден кога да одам утредента "абе знаеш ај прати ми бр на шасиа да проверам ја нешо како иде тоа и ќе те побарам". Поминаа 3 дена ништо му звонам виде ли бе мајсторе "ееј не бе знаеш у гужва до вечер ќе ти се јавам" пак не се јави утре дента му звонам пак до вечер ќе се јавеше и еве уште таа вечер не дојде.

Одам кај друг опел демек работеле ми вика" кај најде опел да купиш неможам ја ова ама стај ја на оглас и не се замарај" добро викам до оглас не сум стигнал ова шо ти зборам може да се направи воопшто или неможе (а знам дека може наидов на многу примери кај што менуваат) може вика секако се може ама ние овие опели не ги работиме. Важи.

На фб наоѓам мајстор што го препорачуваат јас му зборам само затегачот тој ми збори цел ланец. Му покажувам слики од постапката (како и на сите до сега) викам значи вака без вадење мотор само капакот се вади и се мења може? "може да ама и така ќе го вадам цел мотор не ти се исплати само затегач да смениш воље све".... Викам мајсторе ако го извадиш цел мотор капакот ќе го отвараш пак така? "така" епа зошто не го извадиш само капакот без моторот да се вади истото што би го направил доколку го вадиш моторот само 90% помалку работа. И пак добивам одговор дека он би го вадел цел мотор...

И така стигнав до уште еден мајстор што е запознаен со проблемот што знае дека се мења затегачот како што јас сакам да го сменам. Моабет барем знаеше како што треба да напраи се договоривме све го почекав некој ден вчера требаше да го барам да договориме ден не се јавува цел ден и ми пиша сабајле на вибер нит сум слободен нит знам кога ќе бидам слободен барај си чаре.

И така 2 месеци скоро се замарам со нелуѓе па ти кажими сега дека има мајстор, човечност очигледно нема.

Па поради ситуацијава приморан сум да пробам да го менувам сам, во глобала знам како иде процедурата само ми треба силикон што треба да се стсви место дихтон на поклопецот од ланецот зошто дихтонот што иде на ланецот е целосен нормално до доле за тоа треба све да се растура а во ситуацијава треба да се извади 20тина цм парче па доколку некој знае каков и каде можам да најдам таков силикон нека пише.

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #51 на: 08 Јули 2021, 00:55:07 am »
А да прашаш во официјален Опел сервис  ? Не му се замара многу на денешните мајстори.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #52 на: 08 Јули 2021, 01:08:54 am »
Во официјален Опел сервис веројатно ќе одат по официјални Опел упатства кои викаат дека за чепкање ланец, мотор се вади (како скоро сите што му рекле).

Ако имаш муда, имаш две опции: плати на тие што се нафаќаат да го извадат цел мотор и да го средиш проблемот, или фати алатите и силиконите и менувај сам, зошто очигледно никој не сака да се нафати ова да го прави за пари.

Или види, пиши му на @nsx-r, има свој сервис и му работи саатот, можда ќе успеете да се договорите да ти смени затегач по упатства што ќе ги приложиш ти.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #53 на: 09 Јули 2021, 00:01:23 am »
Прашав во опел и како што кажа мартин за нив ова се решава со менување на цел сет во превод 60 000ден.

Еден од мајсториве што се нафаќа да вади мотор веќе има сменето неколку ланци на истиов мотор ми прати и слики знае како иде тоа и не му е проблем. Работната рака е 250евра а и многу растурање има. Ми нема никаква логика да растурам све а да не сменам цел сет. Од официјален сосе делови би излегло негде 400~450 евра поевтино.

Но прво нејќам толку да се растура колава дур не пробам како ќе биде само со затегач второ моментално финансиски ќе ми биде голем залак.

Прашав во мега ауто дали имаат таков силикон немале. Ќе се распрашам деновиве по другиве авто делови да најдам и ќе засукам ракавите па ќе видиме што ќе испадне.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #54 на: 09 Јули 2021, 08:37:21 am »
Чим го вадат цел мотор, најверојатно нема пристап за да се заврши работата, или има?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #55 на: 09 Јули 2021, 08:40:07 am »
И на крај ќе си платиш се како попче, само плус ќе те кошта времето и живците. Подобро земи сериозно заврши работа.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #56 на: 09 Јули 2021, 09:17:20 am »
Лошо е шо ко ќе се вади мотор, најверојатно нешто нема да се стегни, скини, скрши, не дихтова. Еден проблем решен, друг ќе излези.
А да не го вадиш, гарант нешто не можи да се отштрафи, извади, стави, или на ќоро да се работи.

Од сите страни заебан.  ;D

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #57 на: 09 Јули 2021, 10:13:25 am »
Лошо е шо ко ќе се вади мотор, најверојатно нешто нема да се стегни, скини, скрши, не дихтова. Еден проблем решен, друг ќе излези.
А да не го вадиш, гарант нешто не можи да се отштрафи, извади, стави, или на ќоро да се работи.

Од сите страни заебан.  ;D

Кај мене (на бмв) менуваа ланче исто. Постапката е исто, се вади моторот. Никаков проблем немав, се' си е во најдобар ред.

п.с. кога веќе вадиш мотор, провери ламелата и замаецот во каква состојба се. :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #58 на: 09 Јули 2021, 17:08:35 pm »
Зависи од мотор до мотор. Некои мотори ланчето е назад (кај BMW), кај мене ланчето е напред.

Кааааако и да е, @Knight_ друже, ќе се испознервираш нека ти ја средат како шо треба. Најубаво е во официјален, барем ке имаш каква-таква гаранција.

Ако ценовно не се разликува од овие мајсторите што ги збораш.

Ако има голема разлика тогаш види со овие.

Сам, ако се чувствуваш спремен смени. Така барем знаеш дека е средено, не се мафкај со мајсторите.


Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #59 на: 09 Јули 2021, 23:48:06 pm »
@Power to the people за да се смени само затегачот има повеќе од доволно место со вадење на поклопецот без вадење мотор. За менување ланец се вади мотор мењач итн...

@Tischläufer ништо чудно и да биде така свесен сум затоа и кажав овој метод би го решил проблемот само доколку ланецот и другите делови се во добра состојба. Цел сет е несомнено најдобро решение но моментално инвестирам дома и ова никако не ми е приоритет па си реков да пробам на поевтиниот начин.

@Спенсер искрено се надевам дека нема да вадам но фала за совет ако сепак се случи ќе напоменам да се провери.

@Carpathian Lord разликата е околу 400~450 евра. Само еден од сите мајстори што зборев со нив вадел и менувал ланец на ист мотор се нафаќа и доколку се решам за тоа или да испадне да мора би ја носел кај него но стварно не мие по кеиф да се растура све... Незнам..