На 124 250км астрата си доби нов затегач.
Огромен залак за мене до сега само летен со зимски сет гуми на кола имам сменето. Од прилика 25 саати траеше цела процедура.
Почнав сам да растурам па при крај дојде другар се понуди да помогне и со него доизвадивме и склопивме назад све заедно. Планирав да го сликнам цел процес убаво но уз работа заборавив. Работава одзема многу време немам гаража првите 3~4 дена врнеше после жешко работевме навечер...
делот што стои десно од моторот egr cooler е најпроблематичен за вадење (на сликава е веќе изваден) има црево позади и штрав кој никако не се гледа со око се чудевме што држи. Па барав половен дел на нет да видам каде има штрафови.
на оваа слика е стариот затегач. Многу ме интересираше дали има дихтонче на него го немаше. Зборам за тоа што го сликав неколку поста пред овој.
а еве го и новиот
Незнам кој ѓавол ме натера да отидам пак во продавницата кај мене да побарам силикон иако реков не одам веќе таму зошто во неколку наврати кога сум прашувал за некој делови ми се нуделе само најевтините, доколку побарам нешто по квалитетно одма ти само пари сакаш да фрлаш незнам што...
Им покажав со слики каде точно треба дасе стави силиконот треба да трпи топлина уље дека е многу комплицирано да го мењам ако протече и секако еве ти ова е за тоа земај не барај. 300 ден ми падна сумливо член на форумов ми пиша зборевме дека силиконите за оваа намена се поскапи. Но пак после истиот моабет дека само сакам да фрлам пари за колите дека тој силикон е добар и баш за таа намена да не се замарам некако ме убедиа го земав и ставив на кола.
После 35+ саати сушење ја запаливме за 15 мин протече уље. Мислам коса ми побеле. За среќа другаров по стабилен е вика све направивме ко што треба растурај све да видиме кај е грешката. 10 саати ни требаше првиот пат да извадиме све зошто незнаевме што правиме сега ја растуривме за 30мин на загреан мотор. Силиконот се направил вода....
Следниот ден во автокоманда да барам локтајд но да биде се поинтересно имаше само 500грамски останато и беа скоро 8 000ден. Побарав уште на неколку места немаше. Вурт не работеа сабота па во аеродром во едно продавниче за авто делови отидов по препорака стварно дечките топ ме сослушаа имаа на вурт таков силикон кој веќе го продавале и немало проблем баш за таа намена.
Овој пат за враќање ни требаа околу 3 саати. Извадивме помалку делови и знаевме што всушност правиме за разлика од првиот пат.
Тука е скоро све вратено.
После 48 саати одкако беше нанесен силиконот (иако ми рекоа 24 се доволни) ја запаливме пак работи одлично. Сијалички на шалтабла за среќа немаше ниште иако очекував зошто се вадат и неколку џекови.
До сега имам поминато нешто над 500км од зафатов. Не го слушнав ланчето ни еднаш на палење, а доста по смирена е на палење и гасење.
Иако за мене доста комплицирана работа и ми одзема околу 2 недели време чуството е многу убаво зошто сам сум ја завршил работата, во случајов не бев баш сам но се разбираме нели
Следно во план мие да сменам уље иако има поминато само 2 500км но доста време беше изваден капакот на моторот чистев силикон на капакот од ланецот па за секој случај да не има прашина ѓубре да бидам раат.
Кога го земав силиконот баш прашав што ставааат за опели ми препорачаа Тотал но гледам доста ставаат Кастрол. Јас некако сум повеќе за Кастрол и не е голема разликата во пари.