Автор Тема: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX  (Прочитано 53312 пати)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #30 на: 19 Април 2021, 23:30:15 pm »
Ајде да видиме трета среќа со Опел ;D ;D ;D

Честито и со здравје да се возиш.

Мене лично 5тта среќа а прв опел па ќе видиме, фала  :D

Со среќа друже. Преубава. За мерак!

Фала Carpathian :D

Со среќа и со здравје да се вози, многу безгрижни километри!

Фала Passat3B  :D

честитки, да има добра среќа и да си поминете многу убави моменти и km заедно

Фала Кокос  :D

@Knight_

Да немав други финансиски приоритети, ништо чудно. Или оваа, или имаше една црна..

Sent from my Mi 10T Pro


Црната беше со бел ентериер малку  :-\  за мој вкус

Со здравје да се вози! Одличен избор, прекрасна кола.


Фала Димитар  :D

Одлично изгледа а бојава посебно мерак ми прави!

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk



Малку е потешко да бираш боја кога купуваш половно возило па овојпат имав среќа и мене бојата ми прави многу мерак  :D

Со здравје да се вози, само убавини

Фала Филип  :D


После изминати 4 дена како ја гледам колава во двор ако некој ве нервира посакајте му да си купи нова кола и да се изначека за таблици. Ќе си пукне од мака  :'(

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #31 на: 20 Април 2021, 06:46:13 am »
Со здравје да се вози. Фино аутце, се надевам долго и без проблеми ќе те служи.
Веќе дома кога седиш чекајќи таблици, земи апаратот фрли една фотосесија внатре/надвор, да видиме све :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #32 на: 20 Април 2021, 08:49:27 am »
Со срејча да се вози. :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #33 на: 20 Април 2021, 09:03:27 am »
Веќе дома кога седиш чекајќи таблици, земи апаратот фрли една фотосесија внатре/надвор, да видиме све :)
Господе боже Опел волку не видел внимание и убави зборови уште од Адама кога се раѓал.

@Knight_ излези бе после полноќ надвор у темницата извози се мераклиски, полиција нема да може да те стигне а таблици немаш.

Отсутен Kristijan001

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #34 на: 28 Април 2021, 13:22:20 pm »
@Knight_  Дали сеуште немаш таблици? Слушам муабети дека нема ни собраќајни ни таблици во МВР и плус пола МВР е на одмор/ пола е во затвор.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #35 на: 28 Април 2021, 13:40:43 pm »
Лепотица! Мило ми е што гледам се понови и понови возила на форумов. Со здравје да си ја возиш, многу убава изгледа.

Пуштај уште слики кога ќе си во можност  ;)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #36 на: 30 Април 2021, 13:08:26 pm »
Фала @Simo - Carrier159  :D

Секој ден ја врнеше дома и прљава е денес имам планирано перење и ќе напраам фотки

Фала @ace-106  :D

@Tischläufer  ее ама на кој да му текне

@Kristijan001 Јас поднесов на 16 ти април но дека колата е од увоз мора нели да поминат 4~5 дена да провереле да не е крадена блабла нешо таму па да ти одобрат таблици. На 21 ми се јавиа дека можам да одам да си земам таблици отидов после работа ми викаат нема се потрошија, кога ќе има е дојди сабајле у 8 прв ако имаш среќа ќе земеш тоа беше моабетот па така на 22ри сабајлето земав а полицаецот ми рече 2-3 имам само среќа што дојде рано.

Фала @dbl.dzo ќе пуштам вечер  :D

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #37 на: 30 Април 2021, 22:37:47 pm »
Како што реков денеска перење и направив неколку слики конечно.

Се работи за Opel Astra 1.6 CDTI 110кс 6 брзини рачен менувач.
Прва регистрација 11.2016год.
Земена со 121 850км до сега имам поминато само ~400км.
Од опрема има:

-паркинг сензори напред/назад
-сензор за светла
-електрични ретровизори со греачи
-самозатемнувачки внатрешен ретровизор (ако така се вика, убава работа)
-6 звучници (очекував дека ќе бидат заникаде но супер се)
-мултимедија мислам дека е 8 инчи (лесна за користење блутутот си функционира супер за зборење на тел и пуштање музика)
 *блутут
 *навигација
 *андроид ауто (апликацијата од колата не е достапна кај нас па морав да симнам друга во телефон. Но искрено освен ако ми треба google maps да гледам на екранот не најдов некоја друга корисна функција)
-електрика на сите прозори
-возачко седиште подесиво по висина (очекував и сувозачкото да е)
-автоматска двозонска клима
-темпомат со лимитер на брзина
-сензор за дожд

Во глобала тоа е тоа можеби има уште нешто но не ми текнува во моментов.

Колава има дневни лед светла, фарови со лупи па очекував дека ќе има ксенон но нема.
Би било убаво да има магленки, греачи на седишта но најмногу од се ми смета што нема потпирач за рака напред, а да и седиштата се малку тврди.
На задната клупа има изненадувачки многу простор а прозорите се некако тесни.
Друга работа сензорот за дожд е некако голем и уште неможам да се навикнам кога ќе погледнам во ретровизорот ко да има нешто вишок позади него што го гледам штрчи.

Ентериерот во живо е стварно убав.

Вози доста прицизно и лесно но очекував повеќе забава во кривини и повеќе повратни информации од подвозјето.
Моторот е за пофалба повлекува од ниски вртежи и меѓузабрзувањата се одлични. Мењачот исто е многу прецизен и некако „пријатен“ за користење мислам дека се одлична комбинација.

Од тие 40тина км што ги поминав на отворено кога ја земав колата не сум излегол пак но иако малку сепак доволни км да сватам дека со колава може да се помине сериозен број км во еден здив без проблем. При нормални брзини внатре е тишина не тивко туку тишина иако гумите се доста истрошени и едвај летово ќе го истераат.

Прво размислував за нов Kia Ceed имаа добра понуда плус гаранцијата од 7год ми изгледаше како добра идеа но по сите пресметки ми беше голем залак. Па остана на тоа да бараме што е можно понова кола со помалку км. Одкако се решив за астрава во меѓувреме во олимпија донесоа бела инсигниа за скоро исти пари тука возена. Искрено колата лична простор повеќе све тоа но уште од портата не ја изнесов се осети дека колава била возена по лоши патишта. Па така одпадна инсигниата од игра.










Си купив и еден Џо  8)


Од планови за колава сега за сега само да го сменам затегачот на ланецот кој е фабричка мана и може да направи штета во иднина.

Благодарност до @Stratro како поискусен опелџија го распрашував малку повеќе за некои работи што ме интересираа  :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #38 на: 30 Април 2021, 23:54:06 pm »
Астрата ми имаше фатено око, но се сеќавам многу комплицираа во аутомакедонија за тој потпирач, не знам пакети, порачки, па ќе го немало попустот, и се нешто растрчани накај сервисот (полициски Спаркови стасале за сервис).
Во Олимпија уште понезаинтересирани...никако да договориме тест вожња.

Се откажав кога на тоа додадов дека коленото од десната нога при влегување и излегување ми маваше у пластиката под воланот, тешкото излегување од задни седишта, и уште некоја ситница на која сега не се сеќавам.

Инаку, изгледот на шалтаблата ми беше меѓу поубавите од колите што ги разгледував во тоа време.

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #39 на: 01 Мај 2021, 01:04:39 am »
Убав гром си земал  ;)
Со здравје да се вози, многи безбедни и евтини километри  8)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #40 на: 10 Мај 2021, 00:41:43 am »
@Mikius Набројав и јас некој работи што не ми се свиѓаат. Нелогично мие да не се подесува висината на предните појаси и тоа да нема светло во фиоката пред сувозачко. Сигурно има уште но сепак се тоа ситници кој реално секоја кола ги има, еве кога спомна тешко излегување од задни седишта мене лично не ми изгледа дека е така точно дека се некако повнатре седиштата но ако го споредам излегувањето со C W204 ката што ја имаме е таму е катастрофа незнаеш ни како да излезеш ни влезеш, особено постарите ако ги возам.

@Angel Skopje Фала  :D


Си викам ај ќе сликам точно на 1 000.0 км првите во моја сопственост



Важи  :-X

А еве колку поминав со првиот резервоар и што вика борд компјутерот



А еве што вика fuel calculator от


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #41 на: 10 Мај 2021, 10:36:27 am »
Cestito, ubavo kolice e Astrata so zdravje da si ja vozish i napolni malce nafta  :)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #42 на: 10 Мај 2021, 17:17:01 pm »





Close enough!  ;D ;D


Шала на страна, со здравје да се вози, многу безгрижни километри поминати.  :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #43 на: 10 Мај 2021, 21:12:38 pm »
Гољф фонт го Југо дава 3 коња плус 😁

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #44 на: 11 Јуни 2021, 21:07:21 pm »
Cestito, ubavo kolice e Astrata so zdravje da si ja vozish i napolni malce nafta  :)

Фала  :D се гледа на втората слика наполнето по пропис  ;D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Close enough!  ;D ;D


Шала на страна, со здравје да се вози, многу безгрижни километри поминати.  :)

Само кај мене километражата е десно иначе исто  ;D ;D


Како што е редот си набавив нов затегач за жал оргинален. Сеуште нема заменски освен Febi но иде цел сет со ланец не го делат, се надевам ќе издржи до 190 000км кога би требало да се замени комплет ланецот.