Автор Тема: Opel Astra H GTC 1.9 150  (Прочитано 27785 пати)

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #105 на: 06 Јануари 2022, 19:02:26 pm »
I jas mislam na dpf obicno tie se simptomite za regeneracija. Ama na sekoe zagrevanje na motor taka praj ?

Sent from my SM-G770F using Tapatalk
Прв пат пред 3 дена кога ја угаснав колата ми замисира на несогорен дизел, но немаше нерамномерно работење или бучњава или било што. Вчера извозев 100тина километри без никакви проблеми. Денеска почна да го прави ова актуелно, прв пат - после 30тина минути возење, осетно побучен беше моторот/ауспухот и почна да вади бел дим, на угасната кола од кај граната избиваше димот. Оставив да олади 15тина минути, патот накај дома (значи уште 30тина минути возење) се си беше ок. 1 саат подоцна отидов накај обиколница да ја издувам - истите симптоми како првиот пат, бучен мотор/ауспух, нерамномерни обртаи во лер, солидна количина на бел дим и мирис на несогорен дизел во лер или со било какво стискање на гаста.


Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1772
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #106 на: 06 Јануари 2022, 19:59:27 pm »
Врати ја фабричката мапа прво, па тогаш дијагностицирај хардверски дефекти :)

И јас би одел на ова.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #107 на: 06 Јануари 2022, 21:13:00 pm »
Any ideas? пинг @Simo - Carrier159 @vladimir_1 @dbl.dzo

Пошто нема ни еден месец од како ја имаш ремапирано и јас би советувал прво да вратиш оригиналната мапа. Сепак претходно закачи на дијагностика, види какви се вредностите на дизните, види процесот на регенерација како е, удри една форсирана регенерација, види какви се вредностите за дпф-от (диференцијален притисок пред и после дпф).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #108 на: 07 Јануари 2022, 19:55:24 pm »
Стигнавме до ново откритие денеска: DPF-от е сечен и варен што значи дека е физички отстранет, а најверојатно софтверски не е тргнат :-X



Сомнеж ми е при ремапот мајсторот го активирал (или не видел дека е исклучен), али човекот вика дека работел на фабричката мапа која никогаш не била чепната. Не знам колку ми е тоа за верување, пошто во овие 11 месеци како што ја имам, со изваден ДПФ физички а оставен уклучен софтверски сигурно би имал барем некое светленце на шалтабла, или во најмал случај истово да ми се случило само доста порано.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #109 на: 07 Јануари 2022, 23:28:25 pm »
Големи се шансите тој што ти правел ремап воопшто да не ја чепнал и разгледал твојата мапа, туку ти има ставено директно некоја од тие генеричките што одговара на твоето еку.

Баш пишав во една од темиве како ми понудија ремап со ABT мапа за бмв, а ABT имаат мапи само за ваг возила

Мислам дека би било фер да го побараш тјунерот да ти го исклучи дпф бесплатно бидејќи е негова грешка што го активирал повторно (под услов тоа да ти го прави проблемот), оти 50тина евра бараат за исклучување.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #110 на: 08 Јануари 2022, 00:18:05 am »
Големи се шансите тој што ти правел ремап воопшто да не ја чепнал и разгледал твојата мапа, туку ти има ставено директно некоја од тие генеричките што одговара на твоето еку.

Баш пишав во една од темиве како ми понудија ремап со ABT мапа за бмв, а ABT имаат мапи само за ваг возила

Мислам дека би било фер да го побараш тјунерот да ти го исклучи дпф бесплатно бидејќи е негова грешка што го активирал повторно (под услов тоа да ти го прави проблемот), оти 50тина евра бараат за исклучување.
И јас мислев дека ќе ми флешне само готова мапа, но дечкото ја правеше "from scratch" според моите вредности, што пријатно ме изненади. Пред он да чепка, колата беше на фабричко ECU без никакви промени на него, за тоа го прашав повеќе пати бидејќи ме интересираше дали се чепкани лептирите и слично.

Веќе зборев со него, ќе тркнам кога е слободен да испитаме ситуација, а инаку за софтверско гаснење ДПФ треба да доплатам уште 80 евра :-X

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #111 на: 08 Јануари 2022, 01:22:23 am »
Зошто да доплатиш, не го изваде ти во меѓувреме дпфот, дечкото мајстор требаше да си види дека нема, не соодветна мапа ти ставил од старт со тоа ти причинил потенцијални кварови на моторот. Може претходно и бил софтверски исклучен.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1772
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #112 на: 08 Јануари 2022, 03:33:22 am »
Големи се шансите тој што ти правел ремап воопшто да не ја чепнал и разгледал твојата мапа, туку ти има ставено директно некоја од тие генеричките што одговара на твоето еку.

Баш пишав во една од темиве како ми понудија ремап со ABT мапа за бмв, а ABT имаат мапи само за ваг возила

Мислам дека би било фер да го побараш тјунерот да ти го исклучи дпф бесплатно бидејќи е негова грешка што го активирал повторно (под услов тоа да ти го прави проблемот), оти 50тина евра бараат за исклучување.

Истото го мислев,  за 100 евра ремап и егр тешко некој да се замара да прави ремап, ставаат рандом мапа. Сега ќе му бара 80 евра за дпф,  одличен бизнис план.

Тоа што викал не е чепкано, фабричка мапа е, јас не би му верувал.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #113 на: 08 Јануари 2022, 07:42:55 am »
Ако стои катализаторот а дпф е изваден и софтверски не е деактивиран ќе го заебеш моторот за брзо време, огромен (повратен) притисок е тоа. Ако стои катализаторот треба да го извадиш и во случај да е деактивиран ДПФ затоа што пак е проблем. Или барај нов (половен исправен) ДПФ или чисти се, нема трето.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #114 на: 11 Јануари 2022, 19:17:16 pm »
Update:

TL;DR - сепак тоа беше проблемот, ДПФ-от (иако изваден од кола) пробувал цело време да се регенерира, па од таму настанаа сите глупости. Се среди со гасење софтверски.

Подолга верзија: отидов кај истиот мајстор што ја ремапирав колата, и прва работа што направивме беше да ги отчитаме вредностите на ДПФ-от.



Затнатост 104%, последна регенерација пред 0 миљи, со ова се потврди дека станува збор за константна регенерација на ДПФ-от. Другиот индикатор дека токму ова е проблемот беше што секогаш симптомите се јавуваа на загреан мотор (а на автопат над 100км/х), и што нивото на уље на шипката беше околу прст и пол над максимумот.

Па така, се погоди мајстор за ауспуси во куќата карши, ја качуваме колата на лифт, и мајсторов гледа дека не само што ДПФ-от е само празен лонец, туку и дека катализаторот до него е празен. Значи сепак бил претходно гасен. Со ова инфо се враќам кај ремаперов, и пред мои очи ја отвара фабричката мапа која ја симна од колата (датумот и времето на фајлот се совпаѓаа со времето кога прв пат отидов кај дечкото) и на нејзе видов дека мапата е со тотално фабрички параметри, тотално ништо не изменето.

КАКО!? Ова уште не ми е воопшто јасно, како е можно да ја возам колата 11тина месеци со искршен ДПФ кој што не е исклучен софтверски, без да јави никаква грешка претходно? Од кај ги читало тие нивоа на затнатост? Од кај знаело дека баш сега му е време за регенерација?

Видов не видов, си платив лекција вредна 150 евра (тука го рачунам и новото уље што морав да го сменам), исклучивме софтверскиот дел на ДПФ-от, го заменив старото уље кое беше измешано со нафта со ново. Овој пат, наместо GM 5w30, од @Prcot кој е апсолутна легенда набавив Mobil 1 ESP 5w30, и со ова надежно проблемот е решен. Извозев прееска 50-тина километри и не појави никаков симптом, се надевам и ќе остане така.

Уште не сум сигурен дали ремаперов ме изигра (не битно дали сакајќи или несакајќи), али тоа е, некои лекции знаат скупичко да коштаат. Имам чувство дека во СтепОн немаше да ги имам овие проблеми. ;D И фала ви на сите за советите погоре.

« Последно менување: 11 Јануари 2022, 19:23:23 pm ivanxh »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #115 на: 11 Јануари 2022, 19:43:40 pm »
Најбитно е да си жив и здрав и да има решение на проблемот. Чим си го решил... All good.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1772
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #116 на: 11 Јануари 2022, 20:01:15 pm »
Мене ме занима со што ги чита параметрите од ОБД портот? Која е апликацијава ?

П.С. Како знаеш дека мапата била фабричка, по што се познава тоа?

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #117 на: 11 Јануари 2022, 20:44:11 pm »
Јас не би му верувал на неговите зборови и факти (кои лесно се лажираат). Башка исклучување на дпф не е само селектирање/одселектирање на некој чекбокс, има многу вредности и мапи кои лаик тешко може да ги прочита.

Проблемот е што ги прават будали муштериите, но не се свесни дека така ги губат и другите потенцијални муштерии.

Али како и да е, битно се средила работата, уживај во забрзувањата

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #118 на: 11 Јануари 2022, 21:20:08 pm »
Најбитно е да си жив и здрав и да има решение на проблемот. Чим си го решил... All good.

И јас тоа викам, налет, сè си е икуство во животов, за понатака ќе си знам. Воедно затоа и се добри форумиве, од мојава изгореница може некој друг ќе си спаси главоболки утре. :)

Мене ме занима со што ги чита параметрите од ОБД портот? Која е апликацијава ?

П.С. Како знаеш дека мапата била фабричка, по што се познава тоа?

Искрено не видов која апликација ја користи, али по опциите видов дека е универзалка, можеби Осмица, Симо или Мартин би препознале за која алатка се работи.

За второво, по тоа што видов, според кодот на моторот од некоја датабаза симна како "референтна" мапа која што е фабричка, и на програмот со кој што ремапираше имаше опција за споредување на разлика во 2 мапи, со мојата фабричка и таа што ја симна немаше никаква разлика. Со мојата фабричка и таа со ремапот на нејзе имаше преку 20.000 различни параметри.

Јас не би му верувал на неговите зборови и факти (кои лесно се лажираат). Башка исклучување на дпф не е само селектирање/одселектирање на некој чекбокс, има многу вредности и мапи кои лаик тешко може да ги прочита.

Проблемот е што ги прават будали муштериите, но не се свесни дека така ги губат и другите потенцијални муштерии.

Али како и да е, битно се средила работата, уживај во забрзувањата

Епа тоа е цела работа, само јас на пример повлекувам уште 5-6 души позади мене (другариве) кои уште утредента се јавија и прашаа колку пари би било ремап за нивната кола. Еве и на форум многу повеќе луѓе читаат за истото. Само пак останува прашањето дали намерно сум бил изигран, несакајќи сум изигран, или по некоја луда случајност колава издржала со изваден катализатор и ДПФ без ниту една грешка да избаци.

Како и да е, требало да биде, битно сега оди ко луда и не ме срами по улица со облак од чад позади мене. ;D


Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #119 на: 12 Јануари 2022, 08:27:43 am »
Да не ти ги испразнал “ремаперов” ДПФ и катализаторот кога си ја оставил за ремапирање? 🤔