Update:TL;DR - сепак тоа беше проблемот, ДПФ-от (иако изваден од кола) пробувал цело време да се регенерира, па од таму настанаа сите глупости. Се среди со гасење софтверски.
Подолга верзија: отидов кај истиот мајстор што ја ремапирав колата, и прва работа што направивме беше да ги отчитаме вредностите на ДПФ-от.
Затнатост 104%, последна регенерација пред 0 миљи, со ова се потврди дека станува збор за константна регенерација на ДПФ-от. Другиот индикатор дека токму ова е проблемот беше што секогаш симптомите се јавуваа на загреан мотор (а на автопат над 100км/х), и што нивото на уље на шипката беше околу прст и пол над максимумот.
Па така, се погоди мајстор за ауспуси во куќата карши, ја качуваме колата на лифт, и мајсторов гледа дека не само што ДПФ-от е само празен лонец, туку и дека катализаторот до него е празен. Значи сепак бил претходно гасен. Со ова инфо се враќам кај ремаперов, и пред мои очи ја отвара фабричката мапа која ја симна од колата (датумот и времето на фајлот се совпаѓаа со времето кога прв пат отидов кај дечкото) и на нејзе видов дека мапата е со тотално фабрички параметри, тотално ништо не изменето.
КАКО!? Ова уште не ми е воопшто јасно, како е можно да ја возам колата 11тина месеци со искршен ДПФ кој што не е исклучен софтверски, без да јави никаква грешка претходно? Од кај ги читало тие нивоа на затнатост? Од кај знаело дека баш сега му е време за регенерација?
Видов не видов, си платив лекција вредна 150 евра (тука го рачунам и новото уље што морав да го сменам), исклучивме софтверскиот дел на ДПФ-от, го заменив старото уље кое беше измешано со нафта со ново. Овој пат, наместо GM 5w30, од
@Prcot кој е апсолутна легенда набавив Mobil 1 ESP 5w30, и со ова надежно проблемот е решен. Извозев прееска 50-тина километри и не појави никаков симптом, се надевам и ќе остане така.
Уште не сум сигурен дали ремаперов ме изигра (не битно дали сакајќи или несакајќи), али тоа е, некои лекции знаат скупичко да коштаат. Имам чувство дека во СтепОн немаше да ги имам овие проблеми.
И фала ви на сите за советите погоре.