Денеска (209355km) конечно се исчистија усисната клапна, цевката од ЕГР до усисната грана, како и ЕГР насочувачот во усисната грана.
(слика од отворот на клапната кон усисната грана, насочувачот покажува кон надолу т.е кон усисната клапна)
(сликата е од интернет, ама толку беше гаден ЕГР насочувачот)
Морам да напоменам две работи:
- Мајсторот спомна да ја извади и исчисти усисната грана, ама бидејќи има повеќе работа, а кај него е гужва, колата ќе требаше да седи уште ден-два (а ми треба). Оставивме за некој нареден пат (наредно чистење на клапната или на нареден голем сервис).
@MAPJAH немој да ме караш
- Како што пишував претходно, ЕГР насочувачот фабрички беше поставен да ги дува гасовите кон усисната клапна. На 2-3 видеа на YouTube (како и на некој официјален VW bulletin кој не успеав да го најдам како фајл) се препорачуваше да се постави наопаку и да дува директно кон усисната грана (за да се постави така - прво е потребен мал зафат со турпија,
овака)
Ама читајќи дополнително во коментари под истите видеа - се премислив бидејќи имаа пишано бааги луѓе дека им се изгубила динамиката при забрзување. Веројатно се создава турбулентен проток на воздух кога директно ќе се судрат свежиот воздух и повратните издувни гасови и заедно одат кон усисната грана, а со модификацијата повратните издувни гасови директно и самостојно си врват кон усисната грана. Недостаток на фабричката насока на тој ЕГР насочувач е карбонизирањето на усисната клапна.
После чистењето, се изврши и адаптација на клапната преку компјутер. Се исчистија и грешките (throttle position sensor) и по повторен скен немаше ништо.
Првични имресии - некако сега гаста е пореспонзивна и подиректна, ќе видиме дали ќе ги покаже истите проблеми заради кои мораше да се изврши чистењево (сецкање и колебање при забрзување, misfire...)
Цена на зафатов - 1000 денари.
__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
Во сабота треба да го носам Леонов до Мотоцентар - Ист Гејт (благодарам
@zeroSignal за контактот, си пишавме со Ѓуриша).
Причинa: имам некои вибрации/ситно тресење од тркалата над 120km/h, вибрации кои ги немав со зимските челични бандажи и гуми.
Мислам дека ги немав во оваа мера ни лани со истите алуминиумски бандажи, само што тогаш предните бандажи и гуми (сегашни) ми беа задни (ги изротирав кога го ставив летниот сет пред некоја неделa), па веројатно не се чуствувало толку.
Кога ги ставав летните гуми во Пнеуматик пред 2 години, уште тогаш спомнаа дека одредени бандажи ми се криви, ама никогаш не се испозамарав да ги средам.