Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169035 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #870 на: 14 Април 2022, 20:21:47 pm »
1600 денари побара Адмир за средување на двете парчиња (горе и доле). Се договоривме после 1 мај да отидам, бил во гужва.
Благодарност до @Vlatce-Vectra на помошта.

Еве го дечкото и на FB:

https://www.facebook.com/Tapetar-Taki-811679548905612/

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #871 на: 14 Април 2022, 20:30:47 pm »
Jas na ibizata use pres 100k km go skinav, na A3ka isto taka da bitno r so obleka nosish i kolku vlezi izlezi praish

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #872 на: 02 Мај 2022, 14:54:02 pm »
Клабери, имам три естетски „прашања што ме мачат":

1. Педалите и footrest-от
Моментално се овака и многу ме нервира поткинатото кај одмаралиштето за левата нога





Сакам да ги направам како на подолната слика и мислам дека ќе се покрие скинатотo.



Ги има во Аутокинг, 1200 денари. На АлиЕкспрес се слична цена.
Знам дека не се баш квалитетни, ама не можам да најдам барем гумен footrest како на Голфовите. Исто така, ќе треба да се направат дупки во теписонот за да влезе во лежиштата под него, па така ако некогаш одлучам да го извадам - ќе останат дупки. Или ќе треба да го извадам сребреното ако се излупи од овој евтиниов или да ставам нов.
Исто, знам дека не легнува убаво украсното за гас-педалата, ќе мора DYI да го средам.

2. Страничните жмигавци
Оригиналните беа избледени, па лани во мај порачав од АлиЕкспрес заменски. Цената им е околу 12$. Овака изгледаа кога пристигнаа:



Стварно немам замерки, ама од сонцето, после година дена изгледаат овака:



Порачав нови од истата продавница, ама предложете со што да ги заштитам пред летово.

3. Антената за радио
Сличен случај како жмигавците, посиве од сонцето за година време. По АлиЕкспрес се 4-5$. Овака беше кога стигна:



Сега е овака:



Порачав нова, ама предложете некаков црн спреј да пробам да ја офарбам старава. Се отшрафува на 3 дела, оној „карбонскиот“ дел е посебен, лесно ќе биде за фарбање.
« Последно менување: 02 Мај 2022, 15:10:50 pm balanar »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20113
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #873 на: 02 Мај 2022, 15:11:52 pm »
ОЕМ педали во Порше да побараш, @zeroSignal мислам има земено така.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #874 на: 02 Мај 2022, 15:20:57 pm »
Yes, и не беа евтини. Мислам дека ги платив околу 150-тина Евра.

Ваквите од Алиекспрес уште ги имам некаде... Му ги ветив на @balanar поклон ако ги најдам...

Јас ги возев неколку недели и одлучив да ги сменам за OEM.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #875 на: 02 Мај 2022, 15:32:18 pm »
Не ми се дава толку за педали, мене ми се добри овие.

Многу повеќе ме нервира footrest-от скинат, а некако не ми иде само него да го порачувам и да двои лажно метално, а останатото да остане гумено.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #876 на: 02 Мај 2022, 15:35:34 pm »
Јас комплет ги нарачав, сосе футрест. И затоа ти викам, ако ги најдам, твои се. Ќе побарам деновиве. :)

Отсутен PetarPano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #877 на: 02 Мај 2022, 17:09:41 pm »
Јас земав на старо само одморалиштето за ногата. Сам го монтирав. Треба да се прават дупки ама знам дека никогаш нема да го извадам, па ми е ок. Ама затоа сега меракот ми е голем, а плус и не го гледам испрљано и искинато. Кај мене фабрички немаше, ама има инсталација за да се стави (мутер фиксен и дупки за фиксирање.
Инаку пасува и од голф 5, леон, алтеа...

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #878 на: 02 Мај 2022, 17:42:03 pm »
За антенчето да го решиш трајно ќе ти треба филерче во спреј и било каков црн спреј за пластика или со фолија да го залепиш ако умееш.
Едит: за жмигавците исто фолија само прозирна.
Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #879 на: 02 Мај 2022, 18:13:07 pm »
За антенчето да го решиш трајно ќе ти треба филерче во спреј и било каков црн спреј за пластика или со фолија да го залепиш ако умееш.
Едит: за жмигавците исто фолија само прозирна.
Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Дај некои предлози Жиле за спрејовите  ;D

И не знам кај да најдам проѕирна фолија у пм. Нешто овака мислиш?
https://www.aliexpress.com/item/1005001865431639.html?spm=a2g0o.productlist.0.0.14a7383d9bcGrN&algo_pvid=d80a3ab6-3beb-444e-91d7-261d320eaec9&algo_exp_id=d80a3ab6-3beb-444e-91d7-261d320eaec9-3&pdp_ext_f=%7B%22sku_id%22%3A%2212000017912692222%22%7D&pdp_npi=1%40dis%7CUSD%7C%7C4.98%7C%7C%7C%7C%7C%402103143616515085007708242e0974%7C12000017912692222%7Csea
« Последно менување: 02 Мај 2022, 18:22:46 pm balanar »

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #880 на: 02 Мај 2022, 18:24:56 pm »
Za sprej bilo koja prodavnica za boja sto prodava imaat skoro site spreevi ama kje baras za plastika ne za metal. Sprejot kje go platis sigurno 200 i kusur denari a kje spricnes ednas za tolkacko antence i drugoto kje ti stoi za naredni 500 prskanja :)
Moj sovet baraj mat crn sprej.
Inace i jas baram po aliekspresov nekoj marifet bas za toj tepisinski del i kaj mene e minimalno osteten ama ete bode oci i mi se prlja tepisonot. Duri razmisluvav da najdam debela guma da si ja skrojam i da ja montiram da go pokrijam toj del.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #881 на: 02 Мај 2022, 18:41:46 pm »
Полир паста за жмигавците и ќе се вратат ваљда како шо беа.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #882 на: 02 Мај 2022, 18:56:43 pm »
Полир паста за жмигавците и ќе се вратат ваљда како шо беа.

Порачав нов пар (12$), па ќе гледам тие да ги заштитам со проѕирна фолија, ама не знам која. Не знам овие од Али дали се трчи-лажи...

edit - Порачав од оваа, во димензија 30x80cm. Кошта 3.29$

https://a.aliexpress.com/_mPFyWQW
« Последно менување: 02 Мај 2022, 19:21:48 pm balanar »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #883 на: 02 Мај 2022, 21:44:29 pm »
За антенчето да го решиш трајно ќе ти треба филерче во спреј и било каков црн спреј за пластика или со фолија да го залепиш ако умееш.
Едит: за жмигавците исто фолија само прозирна.
Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Дај некои предлози Жиле за спрејовите  ;D

И не знам кај да најдам проѕирна фолија у пм. Нешто овака мислиш?
https://www.aliexpress.com/item/1005001865431639.html?spm=a2g0o.productlist.0.0.14a7383d9bcGrN&algo_pvid=d80a3ab6-3beb-444e-91d7-261d320eaec9&algo_exp_id=d80a3ab6-3beb-444e-91d7-261d320eaec9-3&pdp_ext_f=%7B%22sku_id%22%3A%2212000017912692222%22%7D&pdp_npi=1%40dis%7CUSD%7C%7C4.98%7C%7C%7C%7C%7C%402103143616515085007708242e0974%7C12000017912692222%7Csea
Спреј било кој што е наменет за пластика а и филер обавезно инаку ќе се лупи.
А фолијата, да таа, прозирна.

Едит: Си порачал више, мислам дека видив прозирна фолија во Автолидер, ама ти не беше од СК, така?

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #884 на: 05 Мај 2022, 15:51:24 pm »
Денеска (209355km) конечно се исчистија усисната клапна, цевката од ЕГР до усисната грана, како и ЕГР насочувачот во усисната грана.





















(слика од отворот на клапната кон усисната грана, насочувачот покажува кон надолу т.е кон усисната клапна)


(сликата е од интернет, ама толку беше гаден ЕГР насочувачот)








Морам да напоменам две работи:
- Мајсторот спомна да ја извади и исчисти усисната грана, ама бидејќи има повеќе работа, а кај него е гужва, колата ќе требаше да седи уште ден-два (а ми треба). Оставивме за некој нареден пат (наредно чистење на клапната или на нареден голем сервис). @MAPJAH немој да ме караш  :-X
- Како што пишував претходно, ЕГР насочувачот фабрички беше поставен да ги дува гасовите кон усисната клапна. На 2-3 видеа на YouTube (како и на некој официјален VW bulletin кој не успеав да го најдам како фајл) се препорачуваше да се постави наопаку и да дува директно кон усисната грана (за да се постави така - прво е потребен мал зафат со турпија, овака)
Ама читајќи дополнително во коментари под истите видеа - се премислив бидејќи имаа пишано бааги луѓе дека им се изгубила динамиката при забрзување. Веројатно се создава турбулентен проток на воздух кога директно ќе се судрат свежиот воздух и повратните издувни гасови и заедно одат кон усисната грана, а со модификацијата повратните издувни гасови директно и самостојно си врват кон усисната грана. Недостаток на фабричката насока на тој ЕГР насочувач е карбонизирањето на усисната клапна.

После чистењето, се изврши и адаптација на клапната преку компјутер. Се исчистија и грешките (throttle position sensor) и по повторен скен немаше ништо.
Првични имресии - некако сега гаста е пореспонзивна и подиректна, ќе видиме дали ќе ги покаже истите проблеми заради кои мораше да се изврши чистењево (сецкање и колебање при забрзување, misfire...)

Цена на зафатов - 1000 денари.
__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Во сабота треба да го носам Леонов до Мотоцентар - Ист Гејт (благодарам @zeroSignal за контактот, си пишавме со Ѓуриша).

Причинa: имам некои вибрации/ситно тресење од тркалата над 120km/h, вибрации кои ги немав со зимските челични бандажи и гуми.
Мислам дека ги немав во оваа мера ни лани со истите алуминиумски бандажи, само што тогаш предните бандажи и гуми (сегашни) ми беа задни (ги изротирав кога го ставив летниот сет пред некоја неделa), па веројатно не се чуствувало толку.
Кога ги ставав летните гуми во Пнеуматик пред 2 години, уште тогаш спомнаа дека одредени бандажи ми се криви, ама никогаш не се испозамарав да ги средам.
« Последно менување: 05 Мај 2022, 18:22:50 pm balanar »