OK - here goes.. Насловот е малку драстичен, далеку е од тапа, но си има свои маани.
Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма година.
- Проблем со моторчето за рециркулација на воздухот во колата;
- Зуење и "цвилење" од моторот за парното, најмногу во втор степен на брзина;
- Кога е влажно надвор, при првото тргнување колата тресе, како почетник да вози, во првите 50-100 метри;
- Исто, на влажно време, каишот од алтернаторот ш'шти и свири, првите 50-100 метри;
- Пластиките во внатрешноста крцкаат ненормалнo, сите, од сите страни;
- Еднаш ми се запали Check Engine, исклучен со компјутерска дијагностика;
- При последниот сервис, променета е штопната на картерот, затоа што оригиналната се заеба, а од тоа страдаше лежиштето во картерот;
- Задната клупа е многу, многу неудобна за возење на подолги релации;
- При спуштање на задните седишта, во багажниот простор не се добива рамен под. Не дека е страшно, ама можело подобро;
- Ми фалат звучници позади;
- Ме нервира релативно неодредената димензија на гуми кои фабрички се поставени - 195/60 R15. Ќе ги менувам за повисоки, пошто со овие димензии се скапи гумите, а и нема којзнае каков избор.