Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 286499 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
tolku i treba da e realno, ne mojt site iznadojdoja vo skopje, z anas ne ostana nishto .

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5468
Срамота е да немаш 15-20000 евра за паркинг.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1015
Ми фали една соба и периодов гледав станови како се движат да мењам, ама цениве по 2500-2700. 200к за стан од 80м2, паркинг 15к, уредување уште 30к. Банка на 30 години ке земе уште 100к, па ни политичари нема да може да купуваат. Во јужна на море, прв ред поефтино и подобро да се земе.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Ми го зеде зборот, нека кренат уште некое евро да си купра грчко. Парем, кај гледаше 2500¿

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3725
Ми излезе еден голем стан огласен во некој комплекс во Бардовци. 1500е квадрат. Барем ако лупниш толку пари да биди голем стан а не 80квадрати.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Пела резиденс во Крива Паланка има 200 стана во понуда за 950 еур/м2
Една од причините да се подизпразни Скопје ;D

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 942
Кога земав стан 2020та, за 13к евра добив 2 гаражни места, вкупно 36 квадрати, едно до друго наместени печени за да се затворат, со одличен пристап и влезна врата 4м *2.5м а не како денес што ги прават влезните врати 2.2 метри ширина, и плус со прозори/дневна светлина.

Лимак за 15к ти дава паркинг место што е реално на отворено. Браво бе.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3725
Пела резиденс во Крива Паланка има 200 стана во понуда за 950 еур/м2
Една од причините да се подизпразни Скопје ;D

Св. Николе е местото што треба да се развива, има нов автопат до Скопје, автопат до Штип, експресен пат накај Велес. Не знам како не им текнува да почнат таму со нови станови за 900-1000е/м2.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Epa koga moze ovoj za parking prostor da bara 15.000 neznam sto drugo da kazam so cenive.

Никој не прави ќар на подземни паркинг. Сите ги продаваат колку што коштаат да се изградат.

Еден подземен паркинг за 100 возила кошта 900 000 - 1 000 000 еур да се изгради. Таа цена е ако нема изненадувања во текот на копањето. Ако во дупката се појави многу вода или лошо земјиште одма таа цена скока за 20 - 50%.

Така сега поделете колку кошта 1 паркинг место под земја.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
malce e ako sakaat od po sleana skopje da dojdat neka si platat. I taka e prenaseleno. 50.000 neka go klat parkingot 5.000 stan kvadrat

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Eeee koga se razvivase opstina Ilinden prvite zgradi sto se napravija tamo bea 500€ za m2. Drugar mi sitna ednosoben stan kaj dramski vo Karposh i zema 100m2 tamo. Sega istite bog znae koja cena se. A za 5 min vozenje e na vlez vo Skopje. E sega tamo kako e sto e neznam ama on se fali.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
  • Macedonia
Другар ти направил многу добар потег место да кмиши во газ место простор.

Иначе, друга работа што треба да се искалулира и да се земе в предвид растојанието. Секогаш се опција Волково, Илинден и таквите места, ама ако треба секој ден да патуваш на работа по бог знае колку километри на долг рок, ако во иднина нема некој план да се пресели повторно, излегува местото да е "поскапо" од само да се пресмета иницијалната квадратура.

И јас кога барав стан имав разговарано со еден инвеститор од таму, не ми текнува како му беше името ама во споредба со градот ако некој е спремен да се отсели доста добар дил. Некои 30-40 илјади евра разлика имаше во цената за квадратурата што ја земав ама не ми се живееше сепак во Илинден, иако размислив и за таа опција.

Илинден е океј место, доста голема населба има училишта, градинки, сали, кафичи за мали и млади деца. За возрасните дали има кај да се прошетаат или нешто да направат, не знам. Доволно е голема за да биде сосема засебна населба и многу подобра опција според мене за разлика во споредба со Волково или други приградски населби во Ѓорче Петров.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Предвид треба да се земе само моронлукот на властите сиве овие години...

Никакво мрднување со прст од лева страна на Вардар, а онаму над Босна и Херцеговина "Словенија" толкави огромни површини за експлоатација...
Едно оправање на Качанички + уште една врска преку реката и можеш да сместиш половина милион народ само во тој дел таму.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1664
Eeee koga se razvivase opstina Ilinden prvite zgradi sto se napravija tamo bea 500€ za m2. Drugar mi sitna ednosoben stan kaj dramski vo Karposh i zema 100m2 tamo. Sega istite bog znae koja cena se. A za 5 min vozenje e na vlez vo Skopje. E sega tamo kako e sto e neznam ama on se fali.


Таму може да се фали само од реброто у Дома.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
  • Macedonia
Предвид треба да се земе само моронлукот на властите сиве овие години...

Никакво мрднување со прст од лева страна на Вардар, а онаму над Босна и Херцеговина "Словенија" толкави огромни површини за експлоатација...
Едно оправање на Качанички + уште една врска преку реката и можеш да сместиш половина милион народ само во тој дел таму.

Да и не треба многу за на некој да му текне и да го направи тоа. Ама спрема ситуацијата кај што сме и како ни е, тешко дека ќе се оствари тоа, никако да стигне на масата на дневен ред. Кај Момин Поток не може да го направат во нормален рок, па уште затворено е сега којзнае до кога.