Автор Тема: Porsche 944  (Прочитано 61570 пати)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Porsche 944
« Одговори #210 на: 07 Мај 2021, 16:47:19 pm »
Ако уште не си сменил сет ламела, потисна и друк лагер ти стојам на располагање да ти ги донесам од Германија.

Донеси еден сет за мене од горе :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Porsche 944
« Одговори #211 на: 07 Мај 2021, 16:59:52 pm »
За обични смртници само setkvacila rs ;D

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Porsche 944
« Одговори #212 на: 11 Јуни 2021, 18:47:25 pm »
Се повоземвме во неделата до Крушево, по пат Поршето ми држеше повисока температура од вообичаено, а на Плетвар отиде речиси во црвено. Сепак, стигнавме успешно до Крушево па назад за Струмица.

Се сомневав на термостатот, истиот е заменет, направено тест возење и се е назад во нормала :) Вкупен трошок - 335 денари, па некој ќе каже дека Порше е скапо за одржување :)

Да не биде постот без слика, еве една после перење во домашни услови :)

Aus Liebe Zum Automobil...

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Porsche 944
« Одговори #213 на: 11 Јуни 2021, 19:49:51 pm »
Му лупна термостат од рено 4 у црево а?  :-*

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Porsche 944
« Одговори #214 на: 12 Јуни 2021, 09:30:37 am »
Фабриката решила така да биде, нема зошто да импровизирам :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Porsche 944
« Одговори #215 на: 12 Јуни 2021, 12:50:50 pm »
Прејако 😂 Бонбонче.

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Одг: Porsche 944
« Одговори #216 на: 16 Јули 2021, 16:26:31 pm »
Малку историја  :D


Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Porsche 944
« Одговори #217 на: 13 Ноември 2021, 10:10:36 am »
Да направиме мал апдејт на темава, конечно набавени делови и направен најголемиот зафат на возилото - промена на ламела, потисна и друк лагер. Сетот е Sachs, набавен од Грција, по очекувано солена цена :)



Работата е навистина многу, се растура половина кола. Старата ламела кога откажала, за жал, некој ја заварил да биде фиксна :). Во прилог и некоја слика.





Кога веќе се беше растурено, искористивме прилика да ги смениме и лагерите на преносната осовина (нема класично карданско вратило), семеринзи, други лагерчиња и се пропратно. Сега барем знам дека преносот е целосно нов :)



Разликата со претходно е ненормална, многу подобро од тоа што очекував, односно кумплунгот е путер :) Вредеше промената секое потрошено денарче :) На првото возење сфатив дека јас сум се мачел кога сум ја возел колата претходно.

Бонус: Најдов слика од првите денови кога Поршето е купено кај нас во 2005.



Бонус 2: Поради недостатокот на нови коли, најверојатно ќе презими во салон за нови коли :)

Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Porsche 944
« Одговори #218 на: 13 Ноември 2021, 10:17:13 am »
Леле касап-систем и мавнале на ламелата :o

Има ли воопшто достапност на деловиве во Грција? Активно увезуваат или што останало како old stock, тоа?

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Porsche 944
« Одговори #219 на: 13 Ноември 2021, 10:33:54 am »
Достапност на делови за стари коли има, само треба да ја најдеш вистинската продавница со стара залиха на тоа што ти треба :)

Мојот сет конкретно го немаше во Грција, го нарачаа од странство (не знам точно од каде) и чекав 14 дена по нарачката да стигне.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Porsche 944
« Одговори #220 на: 13 Ноември 2021, 11:28:30 am »
Мислам дека местото баш му прилега во салонот 😅 Браво паше свака част.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: Porsche 944
« Одговори #221 на: 14 Ноември 2021, 21:32:17 pm »
Секоја чест за иновативноста за ламелата кој и да е.Дури и НАСА може да му подзавиди.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Porsche 944
« Одговори #222 на: 23 Декември 2021, 15:05:47 pm »
Да ја освежиме темата со некоја слика :)











Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Porsche 944
« Одговори #223 на: 23 Декември 2021, 15:09:55 pm »
Си отвараш салон секое сабајле и си го гледаш ова. Врв! :)

Да не почна да размислуваш за некое BBS-че со полиран обрач? :)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Porsche 944
« Одговори #224 на: 23 Декември 2021, 15:22:30 pm »
За размислување - цело време си размислувам јас, макар што овие бандажи ми се одлични за колата и шансите да ги сменам се движат околу 1% :)

Од друга страна, не сум сигурен колку лесно би се нашле BBS со 5х120 растојание на штрафови и 9J ширина за позади :)

Aus Liebe Zum Automobil...