Мал апдејт на темата, завчера го прошетавме Поршето до Скопје, да го види и тоа големиот град
За жал колата се вози малку, од април до сега има неполни 1000км. Плановите беа да се оди за Грција со него речиси секој викенд, но се случи корона па ништо од тоа.
Инаку со возилото си е се во ред, единствено ми останува уште да сменам сет ламела, потисна и друк лагер. Сетот за жал го нема никаде кај нас, ни во околината, па ќе мора некако да се организирам да се донесе од Германија.
Во прилог и две слики од вторникот